02:24 - 2 април, 2026

Експертите го анализираа родителскиот стил на Кејт и Вилијам: ТЕХНИКА „КАУЧ ЗА РАЗГОВОР“

Очигледно трите деца на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон имаат многу убави манири и добро се однесуваат во јавноста. Џорџ, Шарлот и Луис сепак се само деца, па понекогаш запаѓаат во неволја, а начинот на кој Вилијам и Кејт ги дисциплинираат е многу специфичен.

кралско семејство
Кога ги дисциплинираат своите деца, откриено е дека Кејт и Вилијам се одлучни во нагласување на сите последици од лошото однесување, но никогаш не го поткреваат гласот., фоо- инстаграм

Секој родител има свои техники за дисциплинирање и воспитување на своето дете, а своја техника имаат и Кејт и Вилијам.

Според куќните правила на Кембриџ, тие се одлучуваат за тактиката „кауч за разговор“.

Но, како изгледа оваа метода? Кога ќе се случи кавга или неков вид на спор, Кејт или Вилијам го носат детето во друга соба за да разговараат за неговото, односно нејзиното однесување. Ваква техника користат многу родители и веруваат дека на овој начин ќе му помогнат на детето јасно да сфати зошто се дисциплинира.

Освен тоа, отворање на дијалог меѓу детето и родителите, како тоа што го прават Вилијам и Кејт, може да му овозмои на детето да ги искаже своите чувства, а истовремено родителите да објаснат што детето направило и зошто тоа не е добро. Ваквиот дијалог често создава понатамошна мирна атмосфера.

Кога ги дисциплинираат своите деца, откриено е дека Кејт и Вилијам се одлучни во нагласување на сите последици од лошото однесување, но никогаш не го поткреваат гласот. Често кога родителите викаат, детето се сретнува со фрустрација што може дополнително да ја разгори атмосферата. Мирното разговарање со своите деца, но со цврст тон, е одличен начин да ја смирите ситуацијата, а својата порака да ја пренесете на јасен и прецизен начин.

Техниката „кауч за разговор“  се смета за една од најдобрите техники на дисциплинирање во родителството зашто им овозможува на сите страни да ги изразат своите чувства и меѓусбно да се разберат. На детето му станува јасно што направило, а родителите објаснуваат зошто тоа не е прифатливо.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....