14.8 C
Скопје
22:08 - 28 април, 2024

Драматургот Србљановиќ: „Рамбо Амадеус сексуално вознемирувал девојка за да ги заштити сиромашните“

Голема прашина се крена околу обвинувањето на продуцентката Лејла Кашиќ дека Рамбо Амадеус сексуално ја вознемирувал по снимањето на емисијата „Дневница“. По нејзината објава, Рамбо се огласи на својот Фејсбук профил и се обиде да ја оправда својата постапка.

Сега свое мислење даде драматургот, професорка и писателка Билјана Србљановиќ, а се што имаше да каже го пренесуваме во целост:

јутјуб

– Човекот размислувал два дена и дошол на идеја да ги објави следните зборови: „Ја допрев дотичната госпоѓа – додека се приближувавме кон куќата на социјално загрозено семејство, сосема непланирано или ја плеснав по задникот или ја штипнав, немам поим сега. Нема врска со секс, барем не од моја страна, сакав некако да ја известам дека немам што повеќе да правам тука, дека ме натера до понижувачка положба. Некаков последен обид да се откаже од грубиот упад во интимноста на едно семејство. Несреќно артикулиран квази-пријателски аларм. Сексистички можеби, сексуален не – и тоа е сè што треба да прочитате во овој случај, почна Србљановиќ и продолжи.

1. Дотичната „госпоѓица“ – жената што сексуално ја вознемирувал на работното место нема име, таа е дотична, но во исто време тој е информиран дека е немажена, „госпоѓица“ на која веднаш ѝ ја спушта нејзината човечка вредност. Сите сме се сретнале во животот со она интрузивно „Дали сте госпоѓа или госпоѓица?“. Никогаш од уста на жена, секогаш од маж, дури и кога, во нашиот живот, слујачно се затечени таксист или келнер, а да не зборуваме за политичар или претпоставен на работа. Госпоѓа или госпоѓица? – прашањето во основа значи – Дали сте во брак? Зошто е ова важно за билокаков разговор? Дали некогаш сте слушнале некој да праша маж, во првата реченица, пред секој разговор – дали имаш жена?

Дотичната госпоѓица, значи, е некое субчовечко битие за оженетит домаќини, што ли?

2. Шеесетгодишник непланирано посегнал по телото на 25 годишна жена. Не планирал. Раката сама од себе тргнала натаму. Случајно се оттргнала, тој не можел однапред да знае дека ќе ја напаствува девојката. Тоа е објаснување?

3. „Ја пипнав, ја плеснав, ја штипнав – не се сеќавам сега“, изговора човекот со што го признава кривичното дело. Но не се сеќава точно што направил. Што значи дека – или масовно сексуално вознемирува голем број жени, па не може веќе ни да запомни што на која ѝ прави.

4. „Тоа нема врска со сексот, барем не од моја страна“-маж во седмата деценија сексуално вознемирува 35 години помлада жена, таа поради тоа го пријавува, тој молчи два дена, па одбира да каже дека не било сексуално од негова страна, тоа значи дека можеби е од нејзина? Брат. Сакала да ја напаствуваш, зашто се пали на старечки пеги. Ти тоа непланирано го направи и не те палеше, но можеби неа ја палело. Ете што значат овие зборови. Фуј.

5. „Сакав да ѝ дојавам дека ме дотера во положба“ – ликот самостојно одлучил да ја снима емисијата – каква и да е – снимал цел ден, но тогаш му станало доста, па одлучил непланирано сексуално да ја вознемири продуцентката, на која всушност тој е жртва. Таа него го дотерала во положба што просто бил приморан неволно полно да ја вознемирува. Се бранел, со други зборови, раката сама тргнала кон нејзиното тело, а тоа не му претставувало нему сексуално задоволство, туку неа. Тоа ни го кажува продолжението на пасусот.

6. „Некаков последен обид да се откаже од груб упад во интимноста на семејството – вели Рамбо, тој всушност сексуално малтретирал девојка за да ги заштити сиромашните, го застрелале стрелите на Робин Худ, што?

7. „Несретно артикулиран квази -другарски аларм“: не го артикулираше, беше непланирано, несреќно беше артикулиран од некоја виша сила, само беше изманипулиран од непознатата неконтролирана волја на другите сексуално да вознемирува млада жена. Сакаше да ѝ биде пријател и да го направи тоа, за да ја алармира, ја зграшчи зо телото и ѝ рече дека е глупава што протестирала за доброто на сиромашните, само за да и ги запали светилките за опасност од неа. Актерот овде ќе го одигра дејството „Тоа беше ден кога сакав да и помогнам на квази пријателски начин со тоа што ќе ѝ ги фатам интимните органи. Така ми треба кога сум добар човек и им помагам на другите, наместо да мислам на себе.”

8. „Сексистички можеби, сексуално не“: заклучок кој кажува се. Прво, тој не се срами од својот сексизам, тој е свесен за тоа, но нема м*да да го каже тоа отворено, наместо тоа се оградува со „можеби“. Тој со гадење го отфрла сексуалниот чин, бидејќи знае дека неговото сексуално вознемирување на непозната девојка не му обезбедило задоволство. Не во таа смисла, туку во смисла на садизам. Како што реков, тоа е единственото нешто што е вистина. Сексуалното вознемирување и насилство немаат никаква врска со сексот. Тоа е насилничко однесување насочено кон понижување и казнување на жената, објаснува писателката.

Се огласи Рамбо Амадеус: Дотичната „ја удрив или ја штипнав за задникот, има сателитски снимки кои можат да го потврдат тоа“

 

Слични објави

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо

(Фото) Лазар Ристовски угол гол во осмата деценија: Секси најава на новата серија

еспресо

(Видео) Милица Тодоровиќ брутално навредувана поради физичкиот изглед: Пејачката се здебели над 20 килограми!

Еспресо

(Видео+фото) Какво изненадување! Сопругата и децата го пресретнаа Никола Роквиќ додека пешачи кон Грција

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ му испрати на оперираниот Раста силна порака: Еве што имаше да му каже со три збора

Еспресо

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо
Се вчитува....