11.8 C
Скопје
01:16 - 5 мај, 2024

Драма во Белград: Ана Николиќ му тропала на Раста на врата во „ниедно“ време, соседите – на нозе!

Пејачката Ана Николиќ не престанува да го критикува поранешниот сопруг Стефан Ѓуриќ Раста и да објавува приватни пораки со расправии кои ги имале, а едната наводно се случила пред неговиот стан во Врачар!

Пејачката наводно стигнала со такси до зградата на раперот бидејќи не одговарал на нејзините повици и пораки, а бидејќи не сакал ниту да ја пушти внатре, таа почнала да вика, да тропа на вратата и да ги буди соседите.

– Ана претходно при расправии му ги уништувала и гребела автомобилите на Раста од 100.000 евра, па не и е нешто чудно да оди пред неговата зграда и да направи хаос. Прво примерно заѕвонила на вратата, сакала тивко да влезе, а комшиите ги разбудила музиката од таксито бидејќи претходно барала од возачот да ја засили музиката. Потоа, почнала да тропа на вратата и да го повикува Стефан, но тој не сакал ни да ѕирне, дури подоцна се појавил – раскажува извор за српските медиуми и открива дека Ѓуриќ во еден момент излегол на тераса и кратко ѝ префрлил на поранешната сопруга.

– Раста таа вечер излегол само во еден момент бидејќи станот е високо на приземје. А потоа ѝ дофрли на Ана: „Ќе викнам полиција, не ми паѓа на памет комшилукот да слуша скандали“. Таа кратко му одговорила, но не се слушнало, а кога видела дека се палат светлата и дека жителите на зградата се будат и гледаат низ прозорецот, ги ставила очилата и побегнала со таксито – објаснува изворот. .

Соседите на Раста велат дека ова не бил единствениот пат кога Ана правела скандали пред станот на Раста.

– Не беше првпат Ана да дојде и да вика. Ова се случувало и порано, но не толку интензивно. Сите соседи го познаваат Раста, но се изненадија кога еден ден престана да контактира со сите. Поминуваше со детето како фурија, па никој не знаеше што се случува. Потоа сите ги видоа насловите во медиумите и дознаа дека хаосот се случува меѓу него и Ана – додава изворот.

– Којзнае зошто се караат! Вистина е дека понекогаш одлично се сложуваат, а понекогаш не можат да се видат со очи, а тогаш на Ана ѝ е најлесно да пишува против него на социјалните мрежи.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ за Велигден во манастирот Свети Никола: „Многу се радувам…“

еспресо

(Фото) Бритни Спирс загрижува со однесувањето: По хаосот и расправијата си заминала боса

еспресо

(Фото) Во домот на Лепа Брена сѐ е подготвено за Велигден! Синот на пејачката се пофали со празничната атмосфера

Еспресо

(Видео) „Четири километри во кал…“: Никола Роквиќ пешачи 13 дена, се огласи колку пари собрал

Еспресо

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо
Се вчитува....