6.8 C
Скопје
12:11 - 22 декември, 2024

ДОПИНГ СКАНДАЛ ВО РУСКОТО ЛИЗГАЊЕ – Суперѕвездата Камила Валиева позитивна на допинг, лекот наводно бил даден од здравствени причини

Допинг скандал го погоди руското уметничко лизгање. Суперѕвездата Камила Валиева (15), која пред неколку дена влезе во историјата бидејќи беше прва што изведе четирискок на Олимписките игри, била позитивна на супстанца забранета со Светскиот анти-допинг кодекс, но која исто така можела да се земе со лекарски рецепт.

Според руската веб-страница RbcSport.ru, било откриено дека Валиева е позитивна на триметазидин, метаболички агенс кој помага да се спречат напади на ангина и се лекува вртоглавица. Триметазидин е забранета супстанција од 2015 година и беше класифициран како кардиометаболичен модулатор во 2021 година и се смета за лек на исто ниво со сензационалниот „Мелдониум“, кој веќе широко се користи во спортот, а е забранет пред шест години.

„Тоа е како мелдониум: ги штити срцето и мозокот за време на напорни вежби“, објаснува спортскиот доктор Никита Карлицки.

Позитивноста на Валиева, последната голема шампионка на школата „Самбо-70“ под водствона Сергеј Дидаков и тренерот Етери Тутбериџе, датира од пред нејзината победа во средината на јануари на Европското првенство во Талин во Естонија.

Сега пак, овој скандал, што најверојатно ќе продолжи да се отвора и понатаму, може да доведе и до исфрлање на Валиева од индивидуалните олимписки натпреварувања. Постапката е одложена затоа што Валиева, која сè уште нема наполнето 16 години, не може официјално да биде обвинета (а со тоа и санкционирана) дека ги прекршила правилата за антидопинг.

За сега за оваа афера нема повратна информација од одговорните на руската екипа на олимпијата.

Според првичните информации, лекот бил даден од медицински причини. Всушност, триметазидин имал цел да лекува ангина, како и болка во градите предизвикана од намаленото снабдување со крв во срцето.

Според рускиот весник RBC Sport, кој пак цитира некои извори, „пронајдената супстанца е триметазидин и најдена е во минимални количини“, додавајќи дека позитивноста датира од декември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kamila Valieva (@kamilavalieva26)


Случајот треба да се реши денеска, а работа имаат двокатите на Меѓународниот олимписки комитет кои треба да ја оценат ситуацијата, а се претпоставува дека поради малолетноста на ѕвездата санкциите нема да бидат големи. Сепак, во прашање се олимпиското злато и учеството на Камила во поединечна конкуренција каде е фаворит број еден за освојување на титулата.

Во меѓувреме, денеска Валиева 40 минути тренирала на мразот на Капитал стадионот, изведувајќи и неколку четвороскокови, а се појавила во релаксирано издание.

Камила е по потекло од Казан и од мала живее во Москва, а во 2018 година ја смени школата за лизгање за да се потпре на учењето на Етери Тутбериџе, тренер на големите руски шампиони во последната деценија.

 

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....