1.8 C
Скопје
05:54 - 22 јануари, 2025

Додека КЕЈТ и ВИЛИЈАМ уживаат НА КАРИБИТЕ, еве КОЈ ГИ ЧУВА НИВНИТЕ три ДЕЦА

По повод јубилејот што годинава го прослави кралицата Елизабета Втора, нејзиниот внук, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон отпатуваа во нејзино име на кралска турнеја по Карибите. Додека тие уживаат во убавините на недопрената природа, нивните три деца се далеку од нив илјадници километри.

На кралската турнеја по Карибите, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон уживаат како пред бракот, кога нивните три деца не беа постојано околу нив. Имено, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот не отпатуваа со родителите на турнеја, првенствено поради нивните училишни обврски.

Но кој се грижи за нивните деца?

Најдоверлива личност за тоа е дадилката Марија Тереза Турион Борало, која долго време ја докажува својата стручност во кралското семејство.

Имено, Марија Тереза Турион Борало работи за кралското семејство откако принцот Џорџ наполни осум месеци, а меѓу препораките да ја добие работата е и нејзината диплома од престижниот колеџ Норланд во Бат. Дадилката имавме можност да ја видиме неколку пати на официјалните кралски настани, како Trooping the Color.

Но, госпоѓицата Борало не е единствената што се грижи за Џорџ, Шарлот и Луис додека нивните родители се отсутни. Тоа го прави и нивната баба, мајката на Кејт, Керол Мидлтон, која покрај трите внуци од постарата ќерка, има уште двајца од помладата, Пипа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MiddletonMaven (@middletonmaven)

Во една прилика виталната баба откри дека сака да трча со внуците по ридовите, да се качува по дрвја, но и да се спушта по тобогани. „Додека можам така ќе го поминувам времето со нив. Заедно готвиме, танцуваме, возиме велосипеди“.

Инаку, Џорџ, Шарлот и Луис се многу приврзани и за нивниот дедо Мајкл Мидлтон, кој исто така постојано им угодува додека нивните родители се на патување.

Слични објави

Трогателен момент во кариерата на Петар Грашо: Сними дует со двегодишната ќерка

Еспресо

(Фото) „Полека, но сигурно доаѓа…“: Српската пејачка Сара Јо заврши во болница!

Еспресо

Весна Ѓогани проговори за односот со ќерките на Ѓоле од првиот брак: Секогаш испаѓам зла маќеа

Еспресо

На денешен ден пред 10 години нѐ напушти Кемал Монтено: Песните му беа животот

Еспресо

Јелена Ѓоковиќ го пие овој пијалак наместо утринското кафе, а идеален е за слабеење!

Еспресо

„Се доведов до клиничка смрт“: Ивана Кнез проговори за борбата со вишокот килограми

Еспресо
Се вчитува....