-4.2 C
Скопје
06:44 - 19 февруари, 2026

Дмитриј Песков: Војната ќе заврши во „догледна иднина“, „целите на операцијата се постигнуваат!“

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, изјави дека „специјалната воена операција“, како што Кремљ ја нарекува инвазијата на Украина, може да заврши во „догледна иднина“, пренесува руската агенција ТАСС.

Песков го коментираше своето вчерашно интервју за британскиот „Скај њуз“ и рече дека „специјалната воена операција“ може да биде завршена, бидејќи нејзините цели се постигнуваат и работата ја вршат и руската армија и руските мировни преговарачи.

На денешното прашање на новинарите дали навистина може да биде прашање на денови кога би завршила војната, Песков рече: „Зборуваме за догледна иднина“.

На прашањето на што се засноваат ваквите предвидувања, Песков одговори:

„Операцијата продолжува и нејзините цели се постигнуваат. Нашата армија врши одлична работа во однос на напредокот на операцијата, а резултатите ги постигнуваат преговарачите кои разговараат со украинските колеги “, рече Песков.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така рече дека Москва разбира дека некои земји кои се обиделе да заземат балансиран став биле под притисок да гласаат во четврток за суспендирање на Русија од Советот за човекови права на ОН, пренесува Ројтерс.

Генералното собрание на ОН во четвртокот ја суспендираше Русија од Советот поради извештаите за „групно и систематско кршење и прекршување на човековите права“ во Украина, што ја натера Москва да објави дека го напушта тоа тело.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....