9.8 C
Скопје
12:40 - 31 март, 2026

ЏОРЏ КЛУНИ ЗА НАСРЕЌАТА ЗА КОЈА МИСЛЕЛ ДЕКА МУ СЕ ПОСЛЕДНИ МИГОВИ ОД ЖИВОТОТ: Лежев на земја, а тие ме снимаа за „лајк“ на социјалните мрежи!

џорџ клуни

Холивудскиот глумец Џорџ Клуни до денес не може да ја заборави несреќата со мотор, иако оттогаш поминале три години.

Објаснува дека се уште размислува за тие моменти, во кои верувал дека му се последни во животот.

Но има и уште нешто што не може да го заборави – реакцијата на луѓето кои наместо да му помогнат, продолжиле да снимаат!

Несреќата се случила во јули 2018 година, а Клуни бил во Сардинија на снимањето на филмот Hulu Catch-22. Се возел со својот „Харли Дејвидсон“, но при удар со автомобил, завршил на асфалтот, страшна несреќа на која, како што раскажува за Сандеј Тајмс, се уште се сеќава. Објаснува дека до денес честопати размислувал за тоа, на стравот кој го чувствувал во тие моменти, дека верувал – тоа е крајот на сè, на неговиот живот. Во тие моменти верувал дека никогаш повеќе нема да ги види своите деца и сопругата Амал.

Холивудскиот актер изјави и дека имало луѓе кои го снимале, кои не сочувствувале со несреќата, со неговата болка:

„Обично сум позитивна личност. Сепак, морав да сфатам дека за некои луѓе последната минута од мојот живот би била само забава на нивната Фејсбук страница“.

Во тој момент сакал дури и да реагира, бидејќи тие биле таму и наместо да му помогнат, веќе размислувале за лајковите што ќе ги добијат на социјалните мрежи со постираното видео.

„Кога удрив во земјата, мислев дека ми се скршија забите. Во устата го чувствував стаклото од шофершајбната. Моите деца имаа околу една година, мислев дека никогаш повеќе нема да ги видам“.

После тој ден, Клуни ѝ ветил на сопругата дека повеќе нема да вози мотор, а неговиот Харли Дејвисон бил продаден во хуманитарни цели.

 

 

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....