12:34 - 5 декември, 2025

Џенифер Лопез и Бен Алфек не успеаја да го спасат бракот: И Џенифер Гарнер крена раце од спасувачката мисија

Џенифер Лопез неодамна на Инстаграм лајкуваше објава на која пишуваше: „Не можете да изградите однос со некој кој е одвоен од себе самиот“.

Гласините за наводниот развод на глобалната ѕвезда Џенифер Лопез (54) и нејзиниот сопруг, актерот Бен Афлек (51) не престануваат со месеци. Page Six известува дека парот, и покрај сите напори да ја спасат врската, не се во брак веќе некое време. Според извор, тие се разделени од март, иако официјално нема потврда.

Гласините станаа посилни во мај, откако медиумите и јавноста забележаа дека Џенифер сама прошета на црвениот тепих. Таа позираше и на Мет Гала без сопругот. Бен не дојде ниту на премиерата на нејзиниот нов филм „Атлас“, а Џенифер и на летување замина сама, во Италија.

Кон крајот на јуни, странските медиуми објавија дека Бен наводно ги зел сите свои работи од замокот на Беверли Хилс пред неговата сопруга да се врати од неодамнешното патување во Европа, изјави извор за People.

– Бен веќе некое време живее во куќа под кирија во Брентвуд. Се чини дека е добро. Секој ден е во својата канцеларија и изгледа фокусиран на работата. Времето го поминува и со своите деца – изјавил друг извор за странските медиуми.

Во истата населба, Брентвуд, живее и Џенифер Гарнер со децата (децата се заеднички од пораншениот брак со Бен Афлек). Токму Гарнер се обидуваше да го спаси бракот на Бен и Џеј Ло, но сега, според најновите информации, и таа кренала раце.

Џенифер Гарнер одлучи да се повлече од „циркусот околу бракот на нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек со Џенифер Лопез“, изјавиле извори за Дејли Мејл.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Упатените претходно открија дека 52-годишната актерка се обидела да ги советува бившиот сопруг и Џеј Ло, и наводно се обидувала да им помогне да ги решат проблемите, но очигледно ѝ прекипело.

„Џен на крајот му кажа на Бен дека мора сам да се справи со тоа. Стана премногу болно за неа кога се присети на нивниот развод“, додава изворот.

Афлек и Гарнер беа во брак од 2005 година до нивниот развод во 2018 година. Тие имаат три деца заедно и останаа многу блиски и по разводот.

 

Слични објави

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо
Се вчитува....