7.8 C
Скопје
23:56 - 31 март, 2026

Детали за средбата на кралот Чарлс Трети и принцот Хари: „Не одбил да се сретне и со брат му“

Според странските медиуми, принцот Хари „со задоволство би прифатил“ да се сретне со својот брат Вилијам, но сепак ноќта ја поминал во хотел во Лондон.

Според Марк Даер, заеднички пријател на принцовите, сосема е разбирливо што тие нема да се сретнат заедно, зашто нивната нетрпеливост датира уште од трагичната смрт на нивната мајка, принцезата Дијана.

Принцот Вилијам ќе продолжи да се фокусира на сопругата Кејт која се опоравува од операција на абдоменот и ќе паузира привремено од јавните обврски до Велигден.

Според странски извори, војводата од Сасекс вчера долетал од Калифорнија за да може да помине само 45 минути со кралот Чарлс.

Се претпоставува дека војводата ќе ѝ се придружи на Меган следната недела за комеморативниот настан Invictus Games во Ванкувер.

Блиските на принцот Хари наведуваат дека војводата е подготвен да се сретне со својот отуѓен брат без разлика на споровите:

„Главната причина на војводата за патување во Лондон е всушност да се сретне со својот болен татко. Иако, ако се укаже можност да го види и принцот Вилијам, тој и тоа со задоволство ќе го прифати“.

Да потсетиме, односите на Хари и кралот се разнишани по смртта на кралицата Елизабета Втора, а беше објавено дека таткото и синот не биле во контакт кога војводата го прославил својот 39-ти роденден.

Детално подготвена програма за погребот на кралот Чарлс Трети: „За жал, почнува сериозно планирање“

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....