-0.2 C
Скопје
03:54 - 11 март, 2026

Денес почнува голем осмомартовски базар „За сите посебни дами во вашиот живот“: Ќе трае пет дена

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, од 4-ти до 8-ми март, Скопје Сити Мол организира голем осмомартовски базар „За сите посебни дами во вашиот живот“.

Билјана Тодороска – BRILLOЈulie DecoupageEsoaperyЕКО восочна обвивка, Елена Ристовска, Small piece of joyFiligree LARGO, Glow Natural, Котев Ксенија, LaSoy, Маја Донева, Марта Пејоска, Coral JewelryMorpho, Unique Corner, Карло Хорват, Шарено Ќоше, М&М LUXURY SOAP BOUQUETБлумен и Арт 2005 и Equilibrium fine arts… се дваесетина „артизанс“, индивидуалци – уметници, кои ќе ги претстават своите најнови уникатни колекции на рачно изработени производи, кои внесуваат колорит и радост во одбележувањето на Денот на жената.

Креативци, со еклектичен накит, уметници, кои не се плашат да експериментираат, храбро концепираат, конструираат и компонираат иновативен накит од керамика, накит креиран во сутаж техника, од епоксидна смола и полимерна глина. Сребрен накит изработен во традиционална филигранска техника, но со нетрадиционален дизајн, современ, модерен и елегантен. Преку филигранската техника, авторките ги раскажуваат своите приказни, на еден модерен и концептуален начин, низ моделирање на наративите од инспиративното секојдневие. На овој уникатен базар, некои од уметниците ќе се претстават и со чанти и аксесоари изработени од кожа, трикотажен кабел, макраме конец, специфични видови на свила и со еколошки восочни обвивки од памук и пчелин восок за повеќекратна употреба, како и природни и вегански козметички производи за нега и убавина на целото тело.

Во рамки на базар сo најнови производи за здрава и сјајна коса и нега на телото ќе се претстават и светски познатите брендовиPhilips personal care & Нептун, Хај Стор со брендот DysonSolisSilverKeyra Cosmetics – Шпанија и Natura Therapy.

Петдневниот базар ќе се случува на приземјето од Скопје Сити Мол.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....