04:47 - 15 февруари, 2026

(Фото) Дара Бубамара го почести синот со подарок од 20.000 евра, па јавно му се обрати: „Те сакам најмногу“

Пејачката Дара Бубамара имаше голема причина за славење, а по тој повод се огласи и на социјалните мрежи. Нејзиниот син Константин го прослави својот 17. роденден, а гордата мајка не штедеше, на наследникот му подари исклучително скап подарок.

На Инстаграм, Дара објави емотивна порака посветена на својот син, заедно со негова фотографија.

„Сине мој, среќен роденден, да си ми жив и здрав и најдобар во сè. Те сакам најмногу на светот. Јас сум најсреќната мајка што имам таква поддршка и љубов од мојот најпрекрасен и најдобар син“, напиша гордата мајка.

Покрај емотивните зборови, таа покажа и луксузен часовник од брендот „Audemars Piguet“, еден од најпрестижните и најбараните часовници во светот.
Цените на овие часовници се движат од 20.000 до над 40.000 евра, во зависност од моделот и материјалот.

Синот на Дара Бубамара, Константин, уште од многу млад започнал да заработува пари преку интернет, играјќи видеоигри.

Како што открива пејачката, тој успеал да најде начин да не ѝ бара џепарлак, а дел од заработката дури и ѝ ја уплатувал на сметка.

„Тој уште од 13 години заработува, неверојатно, но заработува и за мама. Денес ми испрати порака дека преку игри заработил 390 долари и дека ќе ми ги префрли на картичка. Му реков: фала ти, сине“, изјави Дара за „Курир“, па се осврна и на поранешниот сопруг Милан:

„Милан и јас функционираме одлично. 99 отсто од брачните парови не живеат толку добро како ние, иако не сме во брак. Тој ми е најдобар пријател, а и јас нему.“

Слични објави

Ова е сестра на Гога Секулиќ: Јавноста по прв пат има прилика да ја види на најтажниот ден за семејството

Е.А.

Погребана мајката на Гога Секулиќ, поранешниот сопруг не се одвојува од неа

Еспресо

(Фото) Станија покажа како ужива со новото момче на Бахамите: По Асмин – повторно блеска!

Еспресо

(Видео) Се соблече во костим за капење среде зима: Сека Алексиќ знае како да ужива во Дубаи

Еспресо

(Фото) Секси бикини: Александра Младеновиќ го „запали“ Инстаграм со фотографиите од Дубаи

Еспресо

Листата е долга: Овие познати пејачи добија деца со љубовниците

Е.А.
Се вчитува....