14:58 - 2 април, 2026

ДАЛИ Е ДОВОЛНО ДА ВЕЖБАМЕ ЕДНАШ НЕДЕЛНО: Што велат лекарите?

Сигурно некогаш сте се запрашале: дали е доволно да вежбате еднаш неделно?

Физичката активност е важна за сите функции на телото, од здравјето на срцето до јачината на зглобовите. Еден тренинг неделно – или четири тренинзи месечно – може да звучи недоволно кога станува збор за одржување на вашето тело во форма.

Што велат лекарите?

Не постои идеален број на вежби што некој треба да ги направи, но најчесто мислење на лекарите е дека три до четири тренинзи неделно се оптимални за одржување на кондицијата.

Британските здравствени експерти наведуваат дека луѓето на возраст меѓу 19 и 64 години треба да имаат за цел „150 минути активност со умерен интензитет неделно или 75 минути активност со висок интензитет неделно“, пишува „Stylist“.

Според неодамнешното истражување објавено во списанието „Economics & Human Biology“, докажано е дека вежбањето еднаш неделно ја подобрува когнитивната функција кај возрасните над 54 години

Но, како таквото темпо на вежбање влијае на луѓето помлади од таа возраст, кои имаат тенденција да бидат поактивни поради разликите во животниот стил?

„Всушност, ќе бидете поздрави ако се посветите на вежбање само еднаш неделно, секоја недела, отколку ако пробате режим на неодржливо вежбање. За повеќето од нас, секојдневното вежбање едноставно не е реално. Ако сте на исто мислење, вежбањето еднаш неделно е подобро од тоа да вежбате и да се откажувате секој ден затоа што не можете да одржувате таква рутина“, изјави личниот тренер Аби Воткинс за „Stylist“.

Слични објави

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо
Се вчитува....