3.8 C
Скопје
23:59 - 20 декември, 2024

Цеца најави концертен спектакл за цел регион: „Ќе биде тоа голема журка, а ќе има и дует со Јоксимовиќ“

Пејачката одлучи следната година, 11 години по нејзиниот последен голем концерт во Белград, да ги израдува своите фанови и да приреди спектакл каков што досега не е виден на балканската сцена.

Време е за концерт на Ушче, вели Цеца Ражнатовиќ за српски Информер. Помина цела деценија откако најголемата балканска ѕвезда одржа голем концерт на белградско Ушче каде имаше дури 150.000 луѓе.

Пејачката одлучи следната година, 11 години по нејзиниот последен голем концерт во Белград, да ги израдува своите фанови и да приреди спектакл каков што досега не е виден.

– Фановите ми пишуваа сите овие години и бараа да направам голем концерт бидејќи, како што велат, сакаат да поминат убаво време и да почувствуваат емоции што им ги давам со моите песни. Морам да признаам дека и јас со нетрпение го очекувам големиот концерт. Со задоволство можам да кажам дека дојде време за тоа и дека следната година во јуни ќе одржам голем концерт на Ушче. Со ова ќе одбележам 36 години работа, но овој настап пред се ќе им го подарам на моите фанови кои цело ова време беа со мене – вели Цеца за Информер и додава дека паралелно со подготовките за концертот, таа работи и на нов албум:

– Покрај концертот, сакам да ја израдувам публиката со нов албум. Ми велат: „Па Цецо, не сакаме нови песни, сакаме концерт“, но јас би сакала, како што беше пракса во минатото, да издадам нов албум пред ваков голем концерт, за да имаме уште поголема причина за славење. Можам да ви кажам дека напорно подготвувам нови песни, расположена сум за работа и се надевам дека се ќе биде како што треба.

Новиот албум ќе вклучува и дует со Жељко Јоксимовиќ.

– Сакав тоа да биде строго чувана тајна и да се дознае дури кога ќе излезе албумот, но веќе се слушна… Тешко е да се скрие нешто во денешно време, па сега треба да ја снимиме таа песна. Ќе биде тоа првпат да соработуваме и со нетрпение очекувам. Треба да се договориме кога ќе влеземе во студио за да го снимаме тој дует. Сакам гласот да ми биде одморен и да дадам сто проценти од себе во таа песна. Жељко е голем перфекционист, строг е и знам дека ќе ме поттикнува се додека не биде совршено. Нема да ме пушти се додека не биде како што замислил, добро го познавам! – вели Ражнатовиќ.

Цеца досега одржа два големи концерти на Ушче, во 2006 и 2013 година, а сите се сеќаваат на нејзиниот спектакл од 2002 година на „Маракана“ во Белград, кога пееше пред 80.000 луѓе.

Цеца вели дека нејзиниот концерт на Ушче следната година ќе биде една голема журка и дека се поканети сите од целиот регион:

– Покрај луѓето од Белград и од цела Србија, ги поканувам сите од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Бугарија, Романија и сите други земји да дојдат на концертот и да уживаат во одличната атмосфера.

 

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....