02:28 - 4 ноември, 2026

„Будали“: Маца го нападна српското жири поради нула поени за Хрватска

Босанскохерцеговскиот актер и водител Драган Маринковиќ – Маца остро го критикуваше српското стручно жири на Евровизија, откако хрватските претставнички не добија ниту еден поен од Србија.

Маца во изјава за медиумите членовите на жирито ги нарече „промашени луѓе“, а нивната одлука ја оцени како политичка.

„Не знам ни кој бил во стручното жири. Овие што не им дадоа поени на Хрватите… Будали. Жирито инаку е критично, тоа се најголемите промашувања меѓу луѓето. Требаше да им дадат поени на Хрватите“, изјавил тој.

Посебно го спомнал Иван Милеусниќ, кој беше дел од српското жири.

„Иван Милеусниќ, опасен пејач? Тој е танчер. Немојте да ме зезате. Нека се живи и здрави, ама ова е сè политика“, додал Маца.

Во српското стручно жири годинава беа Иван Милеусниќ, Душан Алагиќ, Матеја Блажиќ, Анѓела Враниќ Лорес, Марија Мариќ Марковиќ – Мари Мари, Јелена Томашевиќ и Александра Ковач како претседателка на жирито.

Маринковиќ го коментираше и учеството на земји што географски не припаѓаат на Европа.

„Каква врска имаат Азербејџан и Австралија со Евровизија? Или јас нешто сум помешал од географија“, рекол тој.

На крајот додал и дека „најпаметни се тие што воопшто не учествуваат на Евровизија“.

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....