13:23 - 2 април, 2026

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Ви носиме брз и едноставен – секако и многу вкусен – славски колач за денешниот празник, Света Петка.

Потребно е:

  • 600 грама брашно за колач
  • 400 мл млака вода
  • 30 гр свеж квасец
  • 100 мл зејтин
  • 1 кашика сол

Пекетче свеж квасец изматете во посолена млака вода, додадете лажичка шеќер и малку брашно и оставете да нарасне.

Потоа, замесете тесто со 600 грама брашно, малку водичка (уште подобро ако е светена вода), зејтин и лажичка сол.

Месете го тестото со додавање на брашно додека стане мазно. Земете предвид дека тестото не треба да биде тврдо.

Оставете го на топло место да нарасне.

Во тава со пречник од 24 см, претходно намачката со масло и наросена со брашно, ставете го колачот. Украсете го откако е нараснато тестото. Местото на кое ги ставате укарсите малку наквасувајте го со вода и втиснете ги украсите во тестото.

Печете на 200 степени околу 45 минути.

Денес се слави Света Петка: Еве зошто секоја жена мора да ги сочува трошките од празничниот колач

 

Слични објави

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.
Се вчитува....