15:50 - 31 јули, 2026

Сузана Манчиќ е втора дама во екс-Ју која ставила силикони:„Секој дел од телото ми е од различно годиште на производство“

Сузана Манчиќ откри дека многу ѝ се допаѓале градите на Зорица Брунцлик, па посакала да има исти такви, а на крај тоа ѝ го остварила.

Шармантната и секогаш искрена водителка нагласила дека едни исти силикони ги носи од мигот кога ги ставила.

„Силиконите ги вградив во Германија, во Минхен, пред 40 години. Се сеќавам и на името на докторот, се викаше Гер Кноте. Германец кога ќе стави, тоа е тоа. Оттогаш не сум ги менувала градите, одам на редовни контроли, и тоа е се, се е исто како првиот ден – вели Сузан и додава дека била втора дама од поранешна Југославија која во тоа време ги зголемила градите, во време кога силиконите не биле популарни но не биле ни лесно достапни:

„Убавите гради ги видов кај Зорица Брунцлик. Ѝ пријдов и ѝ шепнав дека сакам такви, исти, каде ги има да се купат? Таа ми го даде бројот на клиниката, јас се јавив, закажав и ги направив градите. Зорица ми замери што без прашање во својата книга ја спомнав како прва дама која направила силикони, но таа во многу нешта беше прва.

Сузана призна дека не само што ги зголемила градите, туку и дека во младоста имала интервенции и на лицето, па се пошегувала на своја сметка:

„Сакам да кажам дека ниеден дел од моето тело не е исто годиште. Тоа е, секако, шега, но како многу млада девојка го оперирав носот. Тогаш не ми се допаѓаше и сакав помал, но сега не знам зошто ми требаше тоа – вели водителката.

Иако низ кариерата долга 50 години се обиде и како глумица, пејачка и писателка, Сузана нагласи која професија ѝ е на прво место:

„Себеси пред се се сметам за пејачка. Така ја почнав кариерата и би сакала следните години, кога ќе го прославам јубилејот 50 години занимавање со јавна работа, да направам една трајна снимка за Радио Белград – вели Сузана која е на чекор формално да оди во пензија.

Слични објави

Ѕвездите носат пресврти: Што им носи првиот викенд во август на хороскопските знаци?

Т.Ц.

Маја Беровиќ за кариерата, рекордите и односите меѓу пејачите

Е.А.

„Јас синоќа една прецртав“: Марија Шерифовиќ си исполни голема желба, па откри која е

Еспресо

Обожавателка го гаѓала Слоба Радановиќ со чизма откако одбил да ја бакне

Еспресо

Каков живот води денес Иван Босиљчиќ? Еве што велат во неговиот роден крај

Е.А.

Една одлука може да ти го промени животот – дали си подготвена за следниот чекор?

Еспресо
Се вчитува....