-4.2 C
Скопје
05:15 - 19 февруари, 2026

Брус Вилис боледува од деменција: Тажно е да се види легенда како Брус како се распаѓа пред твоите очи

Според пишувањата на странските медиуми, актерот Брус Вилис се бори со деменција, која кога ќе напредува може целосно да го исклучи од светот на филмот.

66-годишниот Вилис имал потешкотии со помнење на текстовите, односно дијалозите за филмовите. Човекот, кој се најде на листата на 100 највлијателни личности во филмот, боледува од сериозна состојба која кога ќе стигне во понапредна фаза ќе влијае на неговата кариера.

Со оглед на тоа што здравјето на актерот веќе некое време предизвикуваше многу сомнежи и дека фановите се многу загрижени бидејќи забележале дека актерот сѐ почесто глуми во послабо платени филмови, режисерот Мет Ескандари откри за што се работи.

Иако во минатото имаше навестувања дека Брус Вилис има проблем со помнење на дијалозите, многумина тоа го сфатија како мрзеливост на глумецот. Сепак, Брус Вилис се бори со деменција во рана фаза. Режисерот Мет Ескандари, кој работел со актерот на снимањето на филмовите „Plan of Salvation“ и „Survive Until Dawn“, ја откри неговата вистинска состојба.

„Вистина е. Режирав четири филма со него, па знам од прва рака. Тажно е да се види легенда како Брус како се распаѓа пред твоите очи. Видов како е да се работи со него во последните неколку години“, напиша тој во коментар на Фејсбук.

Според пишувањата на медиумите, Брус Вилис сака да заработи што повеќе пари додека е во можност. Поради таа цел, тој прифаќа улоги кои се помалку платени од она на што е навикнат.

 

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....