12:40 - 5 декември, 2025

Брук Шилдс отворено за нејзиното искуство со силување: „Си реков само преживеј и оди си одовде…“

Брук Шилдс, во документарниот филм Pretty Baby (“Pretty Baby”), кој беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал Санденс, зборуваше за тоа како била силувана набргу откако дипломирала на колеџ. Веста ја пренесува Entertainment Weekly.

инстаграм

Актерката не го именуваше силувачот, но ги сподели деталите за тоа што се случило. Според Брук, таа била нападната од човек со кој претходно имала деловна средба – младата актерка била во потрага по нова улога со која би ги започнала првите посериозни чекори во филмот.

На состанокот со претставник на филмската индустрија, Шилдс разговарала за работата, по што таа отишла во неговата хотелска соба да повика такси. Како што се сеќава актерката, човекот одеднаш исчезнал. Во тоа време, Брук го зела двогледот што го нашла во собата за да го гледа одбојкарскиот натпревар што се одржувал надвор.

„Тогаш се отвори вратата, а човекот влегува целосно гол. А јас го држам неговиот двоглед и си мислам: „По ѓаволите. Кога го спуштив двогледот, тој веќе беше врз мене“, се сеќава Брук.

Таа објасни дека не се обидела да побегне бидејќи се плашела дека тоа ќе предизвика поголемо насилство: „Се плашев дека ќе ме задави или нешто слично. Затоа, навистина не се борев. Не можев да се движам…и си реков „преживеј и оди си одовде“…

По тоа што се случило, Брук отишла со такси кај пријател и не можела да престане да плаче. Актерката изјавила дека долго време не ни сфатила дека е силувана, а за се се обвинувала себеси: „Верував дека дадов некаков знак што се читаше на некаков начин. Пиев вино на вечерата, отидов до собата. Бев толку самоуверена“.

Шилдс призна дека потоа напишала писмо до силувачот, во кое го обвинила дека ја изневерил нејзината доверба, но не добила одговор. Тогаш решила да не се смета за жртва и да заборави на се, бидејќи „системот“ никогаш не ѝ помогнал и можела да се потпре само на себе.

Како малолетна, Брук Шилдс постојано глумеше во контроверзни проекти, поради што нејзиниот имиџ беше сексуализиран. Така, на 11-годишна возраст, таа глумеше во филмот „Убаво дете“, каде глумеше ќерка на проститутка, чија невиност беше продадена на аукција. Подоцна, беше објавен филмот „Сината лагуна“, кој дури беше обвинет за детска порнографија.

Слични објави

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо
Се вчитува....