7.8 C
Скопје
04:25 - 30 март, 2026

Бритни Спирс гола на плажа: „Ја скратив целата косата, но сè уште не сакам да ви ја покажам“

Американската пејачка Бритни Спирс на својот инстаграм-профил објави ново видео во кое открива дека си ја „скратила целата коса“.

На видеото се гледа како Спирс се бања облечена само во долен дел од бикини и розов шешир, а со рацете ги покрива голите гради.

-Ја скратив целата коса, но сè уште не сакам да ви ја покажам, напиша таа во описот на видеото.

Пејачката моментално е на одмор со нејзиниот трет сопруг Сем Асгари на хавајскиот остров Мауи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Channel 8 (@britneyspears)

Да потсетиме, Спирс си ја избричи главата во февруари 2007 година во еден фризерски салон, а само ден подоцна беше примена во центар за рехабилитација на Карибите. Од таму се одјави по неколку часа, но потоа беше примена во друг центар за рехабилитација во Малибу.

-Тоа беше многу, многу лош период во мојот живот. Поминував низ толку многу лоши работи со моите деца и со Кевин (Федерлајн), објасни Спирс една година подоцна во специјалната емисија на Ем-Ти-Ви „Britney: For The Record“.

-Тој штотуку ме остави и бев уништена. Луѓето почнаа да мислат дека се дрогирам. Некои мислеа дека ќе полудам и слични работи. Луѓето постојано си ги бричат ​​главите, знаете?

Но, јас поминував низ сешто, а тоа беше, на некој начин, како еден вид бунт или чувство на слобода или неприфаќање на работите што се случија. Имам навистина добри денови, а потоа имам лоши денови. Понекогаш сето тоа е премногу за мене. Никој не може да се справи со такви работи, рече таа.

Документарниот филм на Фил Грифин „ Britney: For The Record“ е снимен додека пејачката сè уште беше под 13-годишно старателство на нејзиниот татко Џејми Спирс, што конечно заврши во ноември минатата година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Channel 8 (@britneyspears)

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....