11.8 C
Скопје
19:59 - 17 октомври, 2026

Бресквица проговори за љубовниот живот: „Не ме интересира Лука Дончиќ, зафатена сум!“

Пејачката Анѓела Игњатовиќ – Бресквица беше забележана на белградскиот аеродром, каде привлече големо внимание пред да влезе во луксузен блиндиран црн теренец.

Во разговор со новинарите, таа отворено зборуваше за промените во својот стил и живот, но се осврна и на гласините кои деновиве се шират во јавноста.

Со насмевка ги демантираше шпекулациите дека е во врска со кошаркарската ѕвезда Лука Дончиќ и откри дека нејзиното срце веќе е освоено.

„Пораснав. Ми одговара малку посериозен стил и во моментов се чувствувам најдобро. Воопшто не е вистина дека сум во врска со Лука Дончиќ. Не знам кој ја измисли таа приказна. Не ме интересира. Емотивно сум зафатена. Нека сè оди по својот тек, како што Бог одредил“, изјави пејачката.

Да потсетиме, Бресквица неодамна ја прекина петгодишната врска со полицаецот Немања, а во меѓувреме почнаа да кружат информации дека има нов партнер, кого засега успешно го крие од јавноста.

Според неофицијални информации, станува збор за богат бизнисмен и сопственик на позната компанија од Белград.

Извор близок до двојката тврди дека тие се во врска повеќе од еден месец и дека најверојатно се запознале за време на ноќно излегување.

„Во врска се сигурно повеќе од еден месец. Веројатно се запознале во некој ноќен клуб, бидејќи тој често излегува и е добро познато име на белградската сцена. Има околу триесет години и живее во луксузна населба во Нов Белград“, тврди изворот.

Слични објави

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо
Се вчитува....