9.8 C
Скопје
18:41 - 30 март, 2026

Бред Пит почнува да снима филм со Луис Хамилтон: 150.000 фанови ќе статираат на трибините во улога на навивачи на Ф1

Американскиот актер Бред Пит веќе е во Британија за да снима, во соработка со Луис Хамилтон, филм за Формула 1, од кој голем дел ќе се снима на патеката Силверстоун овој викенд.

За овој проект е изградена специјално опремен бокс за тимот APXGP, фиктивниот Ф1 тим на Бред Пит во филмот.

Бред Пит ќе глуми во филмот во кој, по импресивниот почеток во Ф1, се враќа во спортот како ветеран во еден неафирмиран тим. Со него ќе глуми и Демсон Идрис, британскиот актер со потекло од Нигерија, а филмот ќе го режира Џозеф Косински, кој беше дел од мегахитот Топ Ган: Маверик.

Во филмот се вклучени и голем број статисти, имено 150.000 фанови ќе статираат на трибините во улога на навивачи на Ф1.

Популарниот формула 1 тркач Луис Хамилтон, за кој во последниов месец се шпекулира дека е во романтична врска со пејачката Шакира, ќе му биде главен соработник на сетот на Пит, односно стручен консултант.

Слични објави

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....