32.8 C
Скопје
15:08 - 8 септември, 2026

Бобан Рајовиќ ѝ честиташе принова на погрешната Милица, симпатичната забуна ја насмеа јавноста

Пејачката Милица Тодоровиќ минатата недела стана мајка и на свет го донесе синот Богдан, по што веста брзо се прошири низ медиумите. Меѓу првите што ѝ честитаа беше и нејзината колешка и имењачка, Милица Павловиќ.

Сепак, токму таа откри една симпатична анегдота поврзана со честитките. Како што раскажа, колегата Бобан Рајовиќ ненамерно ги помешал двете пејачки и ѝ честитал раѓање дете – но на погрешната Милица.

– За да ве насмеам малку: денот по породувањето на Милица, тргнав на пилатес и ми стигна порака од Бобан. Ми пишува: „Миле моја, честито раѓање дете, да сте живи и здрави“. Се смеев додека одев и се прашував дали го утнал профилот – раскажа Милица Павловиќ.

Таа му одговорила со гласовна порака и му појаснила дека сè уште не е мајка, на што Бобан со насмевка признал: „Која будала сум јас“.

– Преслатка ситуација. Бобан е многу шармантен, а јас секогаш кога ќе се спомне Милица Тодоровиќ и бебето, ќе се сетам на ова – додаде Павловиќ.

Слични објави

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Верица Ракочевиќ за животот, успесите и загубите: „Продадов три големи стана во Белград за бизнисот“

E.A.

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ носеше фустан вреден 2.400 евра на роденденската прослава

Еспресо

Сите благодети на морската сол – содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето, кожата и косата

Т.Ц.
Се вчитува....