03:24 - 1 јули, 2026

Бев 38 дена во болница и тогаш почна борбата: Исповед на Марјан Коцев

Македонскиот фолк пејач Марјан Коцев уште на седум години дознал дека ќе мора да се бори со дијабетесот.

„Додека сите јадеа сладолед, јас само гледав. Додека сите јадеа торта, јас само гледав. Едноставно, сите благодати кои требаше да ги уживам како дете, мене ми беа забранети“, ја почна својата приказна за борбата со дијабетесот познатиот фолк пејач за Панацеа.мк.

Тој се соочил со оваа состојба многу рано, уште во второ одделение во основно училиште, во празничен период, кога сите се подготвувале да слават Нова година, тој лежел во болница. После 38 дена минати во болнички услови, Коцев заминал во својот дом во Кавадарци, каде започнала вистинската битка со болеста, во која учествувало целото семејство.

„Беше голем шок, пред сѐ, за моите родители. Јас многу зрело го прифатив тоа. Едноставно ми беше кажано: не смееш да јадеш благо. По напуштањето на болницата нема јадење благо, нема пиење сокови, ми беше дадена една листа на намирници кои ми беа дозволени. Едноставно, сите благодати кои требаше да ги уживам како дете, мене ми беа забранети. Додека сите јадеа сладолед, јас само гледав. Додека сите јадеа торта, јас само гледав“, изјави познатиот пејач.

„И да бидам искрен, откако ми кажаа дека не смеам да јадам, а јас сум воспитан патријархално, бев мирно и умно дете, ниту барав, ниту сакав, ниту плачев. Едноставно бев многу јак и многу реално ја прифатив ситуацијата уште од првиот ден. Моите родители ме седнаа и ми објаснија дека мојот начин на исхрана ќе биде комплетно сменет, а заедно со него и начинот на исхрана на целото мое семејство“, додаде Коцев.

Тој го прослави својот 51. роденден. Роден на 20 мај 1975 година во Кавадарци, Коцев повеќе од три децении е присутен на македонската музичка сцена, оставајќи препознатлив белег со бројни хитови и фестивалски настапи.
Музичката кариера ја започнал во 1994 година со песната „Чија ли си девојко“, а уште во раните години од кариерата станува дел од најпознатите фестивали на народна музика во Македонија. Публиката особено го памети по песните „Солзи нека пресушат“, „Љубовен танец“, „Свадба правам јас“, „Роден сум за песна“ и „Бела Јасмина“, кои и денес се слушаат со ист интензитет.
Во текот на кариерата настапувал на фестивалите „Валандово“, „Цветници“, „Тетовски фолк фест“, „Охридски трубадури“, „Роса фест“ и многу други музички манифестации, а зад себе има и бројни концерти низ Австралија, Канада, Америка, Германија, Швајцарија, Италија и Малта.
Коцев има објавено повеќе албуми и компилации, а дел од својата кариера беше член и на групата „Дрим Тим“, со која реализираше голем број музички проекти и настапи. Во 2014 година одржа голем солистички концерт во Универзална сала по повод 20 години музичка кариера, додека во 2018 година повторно ја воодушеви публиката со концертот „Сите мои песни“ во Македонска опера и балет.

 

Покрај музиката, Коцев во последните години се појави и во филмски проект, учествувајќи во музичкиот филм „Охридски лудории“, објави Тиквеш инфо.

Слични објави

(Фото) Џејла Рамовиќ пред врската со Јаков Јозиновиќ била вљубена во овој пејач: „Никогаш не му кажав за тоа“

Еспресо

(Фото) Лепа Брена на вечера со вонбрачниот син на Мирослав Илиќ: Насмеани, наздравуваат со вино

Еспресо

Голем месечен хороскоп за јули и совет за секој хороскопски знак

Т.Ц.

Совршениот свечен фустан за моменти што се паметат го пронајдовме во бутикот „Прагма“ во ГТЦ – проверете дали и вие ќе го пронајдете вашиот

Еспресо

(Фото) „Мајка ти те научила да растураш бракови, да заведуваш и одземаш туѓи сопрузи“: Сопругата на Огњен Амиџиќ доби шокантни пораки, сè сподели јавно

Еспресо

(Фото) Северина се појави во кожа „од глава до пети“ – жешкото време ништо не ѝ може

Еспресо
Се вчитува....