10.8 C
Скопје
19:17 - 23 октомври, 2026

Бен Афлек за првпат проговори за кризата со Џенифер Лопез: „Особено ги погодува моите деца…“

По неколку месеци молк и шпекулации за бракот кој се чини дека е осуден на пропаст, актерот за прв пат проговори.

Обожавателите на парот наречен Бенифер во последно време не слушаат добри вести, со оглед на тоа дека љубовната приказна меѓу Џенифер Лопез и нејзиниот сопруг Бен Афлек се чини дека не плови во добри води, напротив. Пејачката е на одмор во Италија, додека актерот остана во САД. На ова се надоврзува и фактот што поп ѕвездата ја одложи турнејата до 2025 година за да се обиде да го спаси бракот. Но на Бен, очигледно, не му е многу грижа за тоа.

Сега, сепак, пристигнува првата официјална изјава за оваа ситуација и тоа е од Афлек. Актерот го прекина молкот во интервју дадено по повод четвртата сезона на поткастот „Hart to Heart“. Овде, по месеци молк, тој го кажа својот збор за сопругата и објасни како ја доживува славата. За Џенифер Лопез, тој рече: „Таа е толку позната што луѓето ја сакаат. Таа претставува нешто важно за луѓето. Меѓутоа, кога мене ме запираат, ми велат: „Убав е оној филм. Ти си сопругот на Џеј Ло…“.

Накратко, дали славата на пејачката ја предизвика кризата во бракот? Не се знае со сигурност, но медиумската атракција на Лопез во последно време силно натежна врз Бен и им направи проблеми и на неговите деца Вајолет, Серафина и Семјуел, кои не сакаат да бидат цел на јавноста (децата сеод поранешната сопруга Џенифер Гарнер).

„Не сакам премногу внимание, па затоа кога луѓето ме среќаваат секогаш велат дека изгледам луто. Ова особено ги погодува моите деца. Луѓето можат да побараат селфи со мене. Меѓутоа, многу ми пречи кога моите деца се вознемирени само затоа што имаат познати родители“.

(Фото) Џенифер Лопез на одмор во Италија, но без Бен Афлек: Згодна и не е сама!

 

Слични објави

(Фото) Големо славење во домот на Анѓелка Прпиќ, честитките пристигнуваат, се огласи и нејзината кума

Еспресо

Калиопи искрено проговори за посебниот однос со Ромео Грил: „Слепо му верувам, со него имаме посебна врска повеќе од 40 години“:

Еспресо

Никола Роквиќ за последната година од животот на татко му Маринко: „Од самиот почеток знаевме дека нема помош“

Еспресо

„Хранам галеб, гулаби и и мачка двапати дневно“: Дорис Драговиќ за приватниот живот

Е.А.

(Видео) Јелена Розга во најсекси издание досега! Поради еден детаљ, сите се прашуваат истото

Еспресо

Ракот на дојка не започнува секогаш со грутка — ова се промените што не треба да ги игнорирате

К.С.
Се вчитува....