13.8 C
Скопје
21:59 - 28 септември, 2026

Барбара Бобак без задршка: Откри колку ѝ помогнала врската со Дарко Лазиќ во кариерата!

Пејачката Барбара Бобак денес е една од најбараните на српската естрада. На почетокот на кариерата, освен учеството во „Ѕвездите на Гранд“, особено се истакна со изведби на „кавер“ верзии на некои песни, но и како тогашна девојка на пејачот Дарко Лазиќ.

За време на гостување во една емисија, кога ѝ беше поставено прашањето дали таа врска ѝ помогнала во напредокот на кариерата, таа одговори искрено.

И имаше силен мотив за тоа.

– Не. Мислам дека не, затоа што тоа е нешто од кое јас мораев некако да „се ослободам“. Кога се појавувате како партнер на сцена и врската завршува, тогаш мора двојно повеќе да се докажувате дека сте тука затоа што вредите, а не затоа што некој ве „протурил“. Ако сакав преку некого да пробијам на ова естрадно небо, ќе се потрудевав повеќе – изјави Барбара во „Блицов полиграф“, а одговорот беше оценет како точен.

Барбара и Дарко беа заедно пред околу три години. Таа од тогаш речиси и не зборува за својот љубовен живот, додека пејачот е во брак со Катарина Лазиќ, со која го доби своето трето дете – ќерката Срна.

Слични објави

(Фото) Ана Ивановиќ во фустан од 500 евра ги остави сите без здив!

Еспресо

По раскинувањето, Ана Николиќ и Рале се смирија, а се појавија и детали за нивниот договор

Еспресо

„Селски приказни, јас сум машинерија“: Дара Бубамара откри што мислат за неа родителите на нејзиното помладо момче 

Еспресо

(Фото) Кој е новиот дечко на Ела Дворник? Покажа дел од него по долго време

Еспресо

„Сите ме прашуваат дали бил заљубен во Силвана“ – Вдовицата на Тома Здравковиќ разби еден од најголемите митови за неговиот живот

Т.Ц.

(Видео) Карлеуша и нејзините ќерки се иселуваат од вилата – Ника се огласи доцна во ноќта

Еспресо
Се вчитува....