10.8 C
Скопје
09:24 - 14 октомври, 2026

Ава Карабатиќ за интимните видеа кои завршија на сајтови за возрасни: „Тоа е некој вид силување“

Хрватската старлета Ава Карабатиќ за српски „Информер“ отворено проговори за интимните видеа со нејзиниот поранешен свршеник кои завршија на сајтови за возрасни, а кого претходно го обвини за физичко насилство.

Таа призна дека за првата снимка дала согласност, но нагласи дека целата ситуација подоцна прераснала во притисок и злоупотреба.

„Кога настана првата снимка, јас тоа го одобрив. Секоја жена има некаква домашна снимка. Не можам да кажам дека тогаш бев приморана, но ова што се случи подоцна е секако некој вид силување. Тоа беше во стилот: ‘Ајде, ајде’, наместо некој да оди да работи осум часа… А да не зборувам за мојот социјален живот и за двата уништени телефони“, изјави Ава откако претходно сподели детали за претепувањето што го преживеала.

Карабатиќ истакна дека јавно ја изнесува својата исповед со цел да ги предупреди останатите жени.

„Ова не го зборувам за да го вреѓам него, туку сите жени да знаат. Си ветив себеси на гробот на татко ми дека секогаш ќе одам со крената глава и дека нема да си го валкам името. Сметам дека тој искористи многу работи што ги знаеше за мене“, додаде таа.

Ава, која на лицето сè уште има видливи последици од насилството, порача дека психички се чувствува силно и дека не се плаши да се врати во Хрватска, додавајќи дека ѝ е драго што јавноста конечно може да ја види без филтер.

Слични објави

(Фото) Двојна семејна прослава кај Дарко Илиевски — ја крстија ќерката Ана, а синот Матео наполни седум години

К.С.

Судбината им подготвува голем пресврт — овие четири хороскопски знаци ќе ја остават тешката година зад себе во 2027

К.С.

Дневен хороскоп за 14 октомври: Избегнувајте непромислени одлуки

apostolova

Хаос на српската естрадата: Дечкото на Мина Костиќ, Каспер, ја тужи Јована Јеремиќ!

apostolova

Ава Карабатиќ се смири со бившиот што ја претепа: „Планираме дете“

Еспресо

(Фото) Станот на Данијела Димитровска изгледа како приватен моден салон: Има посебна витрина за скапоцени чанти

apostolova
Се вчитува....