-2.2 C
Скопје
00:29 - 19 февруари, 2026

АСТРО ИДЕИ ЗА ПРАЗНИЧНИ ПОДАРОЦИ: Што да им подарите на хороскопските знаци?

Празничната сезона е пред нас, каков подарок да одберете според хороскопскиот знак? Еве што ве советуваат ѕвездите.

Овен

За претставниците на знакот Овен, карактеристични по страста, нема поубав подарок од часови по танго – затоа уплатете онлајн курс по танго за вашиот Овен и ќе биде пресреќен/а.

Бик

Биковите се супер домаќини. Најдобар подарок за Бикот е корисен апарат за домаќинство или сет за готвење.

Близнаци

Близнаците сакаат да откриваат нови нешта, но сакаат и да читаат. Одлична книга може да биде вистинскиот подарок за нив, но обидете се таа да е редок примерок.

Рак

За емотивните Ракови идеалниот подарок ќе го најдете во антикварница. Но одлично ќе поминете и со вечера во рибен ресторан.

Лав

Лавовите се многу пребирливи и ги сакаат скапите подароци. Затоа, не штедете за нив кога е во прашање подарокот – бела техника или златна гравирана плочка.

Девица

Родените во знакот на Девица ги сакаат практичните подароци. Ќе се израдуваат на некој практичен гаџет, но добро ќе поминете и со книга со стручна содржина која нив ги интересира.

Вага

Родените естети многу внимаваат на изгледот, па подарокот треба да биде елегантен – софистицирано парче облека, одлични чевли, а може и скап парфем.

Шкорпија

Родените во знакот на Шкорпија ја сакаат мистеријата и црната боја. Идеален подарок за нив би бил долна облека во црна боја, а добро ќе поминете и со книга за мистерии.

Стрелец

Ако баш не можете да им подарите патување, барем викенд- патување, тогаш добро ќе поминете и со некаква амајлија.

Јарец

Не мислете се двапати за подарок за Јарците, и мажите и жените би сакале уште еден пар чевли.

Водолија

Билокаква техника е добредојдена за Водолиите, а доколку се работи за жена, уплатете и фризерки или козметички, спа третман.

Риби

Без размислување одберете некаков уметнички подарок, слика, фреска, скулптура.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....