10:04 - 25 ноември, 2026

АНЏЕЛИНА ЏОЛИ Е ЗАГРИЖЕНА: Ако војната во Украина не запре, децата ќе платат највисока цена

Глумицата Анџелина Џоли на својот инстаграм-профил ја коментираше ситуацијата во Украина. Таа објави и неколку фотографии од војната во оваа земја. Фото галеријата започнува со маж и жена кои со децата чекаат да ја преминат реката по бегството од Ирпин.

-Како и милиони кои побегнаа преку украинските граници, речиси 2 милиони луѓе се раселени во нивната земја, многу се заробени во борбите, не им беше укажана помош и беа во директна физичка опасност. Ако војната не заврши, децата ќе платат највисока цена. Ќе живеат со траумите, изгубеното детство и уништените животи“, напиша познатата актерка во објавата.

Ова не е прв пат Анџелина да се огласува поради војната во Украина. Минатиот месец таа напиша дека се моли за сите луѓе во оваа земја и дека прави сѐ за да обезбеди заштита и основни човекови права на украинските бегалци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolie)

Слични објави

(Фото) Кристина Арнаудова се потсети на младешките денови со сопругот: „Една убава битолска пролет“

Еспресо

Неда Украден започна нов бизнис во Белград: „Повеќе ги сакам неинвазивните методи на нега отколку хируршките зафати“

Е.А.

Тајната е во една евтина состојка — рецепт за совршено крцкаво и сочно похувано пилешко месо

К.С.

Дневен хороскоп за 25 ноември: Не плашете се да предложите нешто различно

Е.А.

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.

Вики Миљковиќ откри зошто не оди на слава кај кумата Цеца Ражнатовиќ

Еспресо
Се вчитува....