12.8 C
Скопје
17:05 - 30 октомври, 2026

Анастасија и Немања со синот првпат доаѓаат во Србија: Се подготвува голема семејна прослава

Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ, наводно наскоро би требало да пристигнат во Белград, и тоа во друштво на нивниот син Илијан. Ова ќе биде прво доаѓање на малото момче во Србија, а поводот е големата семејна прослава за крсната слава Свети Никола, која семејството Ражнатовиќ традиционално ја одбележува на 19 декември.

Според информациите, семејството планира да пристигне во Белград токму на денот на славата, но постои можност патувањето да го организираат и порано.

Сепак, конечниот план зависи од професионалните обврски на Немања Гудељ, чиј фудбалски распоред ќе одреди кога ќе може да отпатува со сопругата и синот.

Доколку обврските му дозволат, Анастасија ќе ги помине празничните денови со сопругот и детето во Белград, на семејното собирање.

Според извор близок до семејството, годинашното собирање има посебно значење, особено поради тоа што се очекува Анастасија да пристигне со својот син.

„Познато е дека Цеца води сметка за важните датуми и дека особено на денот на крсната слава ги собира најблиските членови на семејството и пријателите во својот дом. Пејачката отпатува кај ќерка си, а сега е ред таа да дојде со синот и сопругот кај брат ѝ Вељко и неговото семејство. Ако сè оди според планот, тоа би требало да се реализира во декември, за славата, а доколку успеат порано да се организираат, ќе пристигнат и пред тоа“, изјавил изворот.

 

Слични објави

Најмалата ќерка на Светлана и Мики Црнокрак наполни 15 години: Емотивна честитка за Нина

Еспресо

Карминот ви исчезнува по првиот пијалак? Испробајте го овој трик за подолготрајна боја

К.С.

Јелена Спенџарска искрено за самодовербата и притисокот од околината: „Ако не го најдам тоа што го сакам, нема да се омажам“

К.С.

(Фото) Николијa ги отстранила силиконите и се кае што некогаш ги вградила: Еве како изгледала пред естетските корекции

Еспресо

Лепа Брена за најтешкиот период во животот: „Се плашев дека нема да ги изведам децата на пат“

Е.А.

Каде да прошетате викендов? Три предлози за еднодневен излет во близина на Скопје

К.С.
Се вчитува....