Српската пејачка Весна Змијанац го откажа настапот што требаше да го одржи вечерва, на 29 октомври, во една кафеана во белградската боемска населба Скадарлија. Како причина за откажувањето биле наведени нејзините здравствени проблеми, а пејачката лично им се обрати на обожавателите преку социјалните мрежи.
На нејзиниот официјален профил на Инстаграм била објавена порака во која Весна објаснила дека поради здравствената состојба не е во можност да настапи, иако средбата со публиката била планирана за таа вечер.
„Драги мои, за жал, поради здравствени проблеми не сум во можност да настапам вечерва. Ви благодарам за разбирањето“, напишала пејачката.
Весна не сакала да ги остави своите обожаватели без дополнителна порака, па им порачала дека ова е само привремено одложување на нивната средба.
„Наскоро повторно ќе се дружиме! Ве бакнува и ве сака вашата Весна Змијанац“, додала таа.
Засега не се соопштени дополнителни детали за нејзината здравствена состојба, ниту дали откажаниот настап ќе биде презакажан за друг датум.
