12.8 C
Скопје
00:07 - 16 мај, 2024

Александра Пријовиќ ја „згази“ Карлеуша, распродаде три концерти во Загреб: Тоа им успеа само на Дино Мерлин и Здравко Чолиќ

Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ неодамна ја започна турнејата „Од исток до запад“, а судејќи по посетеноста, таа би можела да стане една од најпопуларните пејачки на Балканот. Па затоа, очигледно не се занимава со „ниските удари“ кои ѝ ги упатува во последно време фолк ѕвездата Јелена Карлеуша.

Имено, таа одржа три последователни концерти во Белград во Штарк Арена на 28, 29 и 30 септември. Александра на сцената е 10 години, а ова е нејзиниот најзначаен успех во кариерата. Иако многумина го осудуваат фолкот и го сметаат за треш, факт е дека овој тип на музика е најслушан на овие простори.

„Најемотивен ми беше самиот почеток, кога излегов на сцената. Тогаш најмногу се плашев, како ќе се справам со тоа чувство, тој набој на позитивна енергија, но се помина како што треба. Кога сите почнаа да пеат заедно со мене на глас, почнав да се тресам. Тогаш кога го видов мојот син колку беше весел цело време, кога првпат ѝ се обратив на публиката, кога се сетив на моето прво доаѓање во Белград, кога песната „Се по старо“ ја посветив на баба ми и дедо ми“, рече таа по концертите.

Српските медиуми процениле дека благодарение на овие три концерти Александра ќе заработи 946.206 евра откако ќе ги исплати сите трошоци и даноци.

А сега следува Загреб. Нејзините концерти во Арена Загреб се закажани за 1, 2 и 3 декември. Дино Мерлин и Здравко Чолиќ беа единствените музичари кои трипати успеаја да ја наполнат Арена Загреб, а очигледно тоа успева сега да го направи и Пријовиќ.

„Драги мои, на моја голема среќа и радост и на мое најголемо задоволство ја отворам и третата загребска Арена. Едвај ве чекам, ве бакнувам и ве сакам. Ќе биде лудило во Загреб“, ѝ порача таа на синоќа на својата верна публика.

Александра успеа во она што никој на нејзина возраст досега не успеал. По два распродадени концерти во загрепската Арена, за миг беа продадени повеќе од 10.000 билети за најавениот трет концерт.

Во Сараево ќе пристигне на 28 октомври. По главниот град на Босна и Херцеговина, таа се очекува да настапи и во Ниш и во Тузла. Многумина веруваат дека доколку продолжи со ова темпо ќе стане новата Лепа Брена и ќе си обезбеди солиден статус во фолк музиката.

Лепа Брена се појави на настапот на Александра во Белград и ѝ се придружи на сцената. Инаку, Александра од 2018 година е во брак со Филип Живојновиќ, синот на Слободан Боба Живојиновиќ и Зорица Накиќ.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ со радосна вест: „Луѓе, успеавме! Сега, одиме понатаму!“

еспресо

Луна му прости сè на Марко: По драмата со соседите, Ѓогани објави нова фотографија

Еспресо

Почина Вики Икономова, сопругата на пејачот на „Меморија“

Еспресо

(Фото) Сопругата на Сергеј Трифуновиќ објави фотографија од свадбата со трогателни зборови, а тој не го трга погледот од неа

Еспресо

(Видео) Уметнички дела од 15 век, луксузен мебел: Ова е станот во кој Миша Гроф не ѝ дозволува на Николина Пишек да влезе

Еспресо

Голема ретроспективна изложба на сликарот Мирослав Масин е поставена во Даутпашин амам

еспресо
Се вчитува....