18:04 - 14 септември, 2026

Александар Белов ја покажа куќата во Србија, пејачот има повод за частење

Пејачот Александар Белов го покажа својот дом во српскиот град Крагуевац каде што живее неколку години.

Тој има и повод за славење, а тоа е роденденот на неговата сопруга Јелена, а на сликата е и нивната ќеркичка Мина која има три и пол години.

Белов се пресели во Србија со сопругата која е од Крагуевац, а се ожени во 2019, и оттогаш тој интензивно настапува низ српските градови, а доаѓа и во Скопје и во родното Неготино.

-Да ја спознаеме среќата што ја носи времето, да не ги броиме годините што ги носи времето“, напишала сопругата на Белов до роденденската слика.

Фото/ Инстаграм

Пејачот кој стана популарен по шоуто „Операција триумф“ стана татко на 13 јануари во 2022 година,  токму за време на прославата за Стара Нива година, додека настапувал. Неговата сопруга Јелена, се породи во Клиничкиот центар во српскиот град Крагуевац, каде што Белов живее последниве седум години.

Убавата вест, Белов ја дознал на многу необичен начин, среде негов настап во еден клуб во Крагуевац. Вели дека кога им соопштил на гостите, според познатиот српски обичај, почнале да му ја кинат кошулата.

-Никој не ни кажа дека ќе изгледа така. Никој не би ни можел да ни го каже тоа. Ова е целиот наш живот, а нашата куќа стана вистински замок на среќа и љубов“, напиша Белов кога ја објави првата слика со ќерката.

Слични објави

(Фото) „Мојот херој“: Емотивна приказна за помалиот син на Панчо, Марјан

Еспресо

Љубов за која сите зборуваа — Анѓелка го остави мажот, па се омажи за неговиот близок пријател

Е.А.

„На земјава ти си најдобрата“: Романтичен гест на саксофонистот Папаз за сопругата

Еспресо

Ана Бекута објасни зошто ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ по 12 години

Е.А.

(Фото) Брутално претепана инфлуенсерката и пријателка на Дарко Лазиќ! Ја нокаутирал, па ја влечел по подот

Еспресо

Доставувач го нашол паричникот на Сергеј Трифуновиќ, па направил нешто што го воодушевило актерот

Еспресо
Се вчитува....