19.8 C
Скопје
23:16 - 21 септември, 2026

„Ајде да се најдеме за 5 минути во машкиот тоалет“ – Ова е култното видео на Милош Биковиќ и Јелисавета Орашанин за кое сите зборуваат

Популарната српска актерка Јелисавета Орашанин во последно време е во строгиот центар на медиумското внимание на Балканот, пред сè поради бурните случувања во нејзиниот приватен живот.

Имено, регионалните медиуми веќе наголемо пренесуваат дека таа наводно се разведува од славниот кошаркар Милош Теодосиќ по девет години брак, во кој ги добија двете деца – ќерката Петра и синот Богдан. Покрај ова, во јавноста излегоа и гласини дека актерката веќе некое време наводно ужива во романса со својот 11 години помлад колега, актерот Павле Менсур.

Додека Јелисавета мудро молчи и не коментира ниту еден од овие наводи, на социјалните мрежи стана вирално едно старо видео од жешка сцена помеѓу неа и најпопуларниот српски актер, Милош Биковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VOYO Hrvatska (@voyo_hr)

„Сега ќе го ослободиме“

Станува збор за култна сцена од комедијата „Хотел Белград“ во која двајцата ги толкуваат главните улоги. Особено внимание кај публиката во контекст на сегашните случувања привлече моментот во кој ликот на Јелисавета се обидува на секој начин да го заведе ликот на Милош Биковиќ.

Кога дознава дека згодниот маж е веќе зафатен, Ведрана (ликот кој го толкува Орашанин) самоуверено вели: „Па, сега ќе го ослободиме!“ и без пардон ја турка неговата девојка во вода.

По овој потег, Павле (ликот на Биковиќ) ѝ приоѓа на Ведрана и со доза на провокација ѝ предлага: „Ајде да се најдеме за пет минути во кабината на машкиот тоалет“.

Оваа сцена за кратко време стана вистински хит на социјалните мрежи, а фановите веднаш повлекоа паралели меѓу фаталниот лик на Ведрана на филмското платно и приватниот живот на атрактивната актерка кој деновиве ја бранува јавноста.

Слични објави

(Видео) Македонката Тамара издоминира на „Ѕвездите на Гранд“, жирито остана без зборови

Еспресо

„Бев оставена на подот да искрвавам“: Јована Јеремиќ „удри“ по поранешниот Драган Станковиќ, сака да му се одмазди

Еспресо

Гола обожавателка го чекала Здравко Чолиќ во креветот: Пејачката ги откри деталите од скандалозната сцена

Еспресо

Некогаш немаа многу, денес заедно во Лондон: Слаткар отпатува со брат му Стефан

Еспресо

„Се молат мама и очувот“: Џина Џиновиќ се огласи по враќањето во Белград, една работа посебно ѝ падна тешко

E.A.

„Немам јас 11 години да ми наредуваш“: Жесток судир меѓу Карлеуша и Зорица Брунцлик во „Пинкови ѕвезди“

E.A.
Се вчитува....