18:09 - 1 ноември, 2026

Горда мајка: Андријана Јаневска сподели важна приказна за постариот син

Виолинистката, пејачка и професорка Андријана Јаневска сподели важен семеен момент на социјалните мрежи.

Таа му ја честиташе полуматурата на нејзиниот син, Димитар Гиновски.

Андријана овјави симпатичен портрет од синот, со креативен и духовит опис од неговите соученици во училишниот алманах.

Другарите на Димитар во алманахот откриваат дел од неговите интереси и карактер. Меѓудругото, велат дека Димитар сака да свири пијано и одлично се снаоѓа со географијата, а како негова идна амбиција е наведено дека по 10 години се гледа себеси како музичар.

Гордата мајка не ја криеше својата среќа, посветувајќи му ја честитката: „Среќна полуматура, среќо моја“.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Пред четири месеци за „Слободен печат“, Јаневска изјави дека имала бремености без компликации, но породувањата со првото и со второто дете биле сосема различни.

„И со двете деца се породив во Чаир. Имав лесни бремености, разликата беше што со едниот се породив во лето, со другиот во зима и има огромна разлика кога носиш бебе на +40 степени и се пораѓав кога надвор е пекол. Со Димитар беше малку потешко и подолго траеше, неколку часа, а со Кристијан се породив за еден саат. Добив болки во текот на ноќта, многу ме болеше, така што Гино мораше да вози многу брзо, бидејќи имав чувство дека ќе се породам во кола“, се присети Андријана во „Мамавизија“.

Таа и сопругот, музичарот Димитар Гиновски-Гино имаат уште еден син, Кристијан.

Слични објави

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Алка Вуица се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Жал ми е што не ти напишав повеќе песни“

К.С.

Почина Мишо Хрњак, басистот на легендарната „Азра“ — неговата музика одбележа генерации

К.С.
Се вчитува....