16:00 - 1 април, 2026

90-годишната Џоан Колинс одговори на гласините за пластични операции: „Користам само ноќна крема, се плашам од игли“

Британската актерка Џоан Колинс, најпозната по улогата на Алексис Колби во ТВ серијата Династија, во интервју за „Гардијан“ проговори за своите ритуали за убавина.

Во едно неодамнешно интервју, 90-годишната Џоан Колинс зборуваше за нејзините ритуали за убавина и објасни зошто никогаш не направила пластична операција или пак, ботокс-инјекции за подмладување.

„Немам никаква пластична интервенција на себе. Едноставно не го сакам тоа. Имам страв од игли уште од детството“, признава актерката.

Кога новинарката ѝ даде комплимент на Колинс за квалитетот на нејзината кожа, актерката одговори дека од детството користи хидратантни креми.

„Мајка ми ме советуваше секогаш да ја навлажнувам кожата и да користам ноќна крема. Исто така, многу е важно да се држите подалеку од сонцето“, рече ѕвездата.

Џоан Колинс беше во брак пет пати. Нејзиниот прв сопруг беше ирскиот актер Максвел Рид, со кого беше заедно од 1952 до 1956 година. Подоцна беше во врска со Сиднеј Чаплин, братот на Чарли Чаплин. Во 1963 година се омажи за пејачот и актер Ентони Њули. Во овој брак се родија две деца, син и ќерка, а во 1971 година се развеле. Таа се омажи по трет пат во 1973 година со директорот на Apple Records, Рон Кас, од кого се разведе во 1983 година. Две години подоцна, актерката се омажи за шведскиот пејач Питер Холм. По нивниот дрматичен развод во 1987 година, Колинс извесен период ги напушти САД и се врати во Лондон. Нејзиниот петти сопруг беше театарскиот менаџер Перси Гибсон, кој е 32 години помлад од актерката.

Слични објави

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо
Се вчитува....