4.8 C
Скопје
02:49 - 21 декември, 2024

(ФОТО) МУАБЕТ ВО КИНОТЕКА СО ВЛАДИМИР АНГЕЛОВ: И ние откриваме нови работи за Конески и допрва ќе се потсетуваме!

Вчеравечер во Кинотека беа прикажани неколку филмови снимени специјално по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, а беше претставен и муралот посветен на Конески, дело на Дејвид Стоилковски. Пред големот настан, си помуабетивме со директорот на Кинотека, Владимир Ангелов.

По повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески, во Кинотека беа проектирани документарни филмови и беше откриен муралот посветен на великанот на македоскиот јазик и култура Блаже Конески. Во соработка со Фестивалот за урбана култура „Мурал“, крериран e мурал на површина од 20 метри квадратни. На него е отсликан портретот на Конески, задно со одредени одлики на неговото творештво. Муралот е дело на уметникот Дејвид Стоилковски-Молерај (Куманово, 1997).

ФОТО: Еспресо

Со осврт на делото на Конески пред почетокот на настанот и очекувањата од истиот зборувавме со директорот Владимир Ангелов

Каква публика очекувавте?

– Јас очекувам вакцинирана публика, се шегува директорот.  Чувствувам дека градот е празен, настаните се празни. Не само настаните,  празни се и кафаните, празни се сите овие простори кајшто се случува jавниот живот. Така да… не знам каква публика очекувам, кој ќе дојде и ќе го испочитува овој настан. Пред сè, знам дека нашата редовна публика ќе си биде тука, луѓе кои секоја вечер се тука.

Како ќе се одвива настанот?

–  Ќе прикажеме неколку филмови кои министерството ги сними специјално по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески. Има краток документарен запис од 7-8 минути и има 4-5 филмови кои се работени според мотиви на Блаже Конески, или каде што се спомнува Блаже Конески. На почеток јас ќе споделам мои омилени дела од  уметникот,  тоа се една песна која се вика „Пиперки“ и друга песна којашто се вика „Бостан“. Мислам дека е добар избор за ова време на бостан и пиперки. „Бостан“ е прозно лирско дело.

ФОТО: Еспресо

Зошто не избравте љубовна поезија, така се освојува публиката?

– Па избрав поезија за храна. Храната има влијание во љубовта. Викаат дека мажите преку стомакот се освојуваат. Е, за жените не знам како, немам рецепт, искрено, (се шегува Ангелов, н.з). Мислам дека поголемиот дел од машкиот род не знае како.

Дали очекувавте да има заинтересираност кај помладите генерации?

– Младата генерација генерално живее во друг свет, можеби го почитува ликот, делото на Блаже Конески, но тие живеат сосема поинаков живот од оној којшто ние сме го учеле. Јас за да читам книги одев во книжарниците и библиотеките низ градот, сега знаете дела помладата генерација живее во виртуелен свет, живеат виртуелни животи и нивниот пристап до Блаже Конески е преку тој свет. На Интернет има многу дела од Конески, претежно љубовна поезија, меѓутоа има доволно за да може млад човек да го испровоцира да истражува и да учи.

ФОТО: Еспресо

Како да се спојат тие два света? Како би требало да изгледаат тие настани за да бидат привлечни за публиката на која мора да ѝ се зграпчи вниманието?

– Да не бидеме претенциозни, меѓутоа ваквите настани не може и никогаш не можеле да привлечат некое особено внимание, пред се, затоа што живееме во такво милје. На поетските слемови ќе има публика затоа што настапуваат 10-15 поети, ќе се собере критична маса од стотина луѓе, повеќето од близок круг на настапувачите и претпоставувам дека на таквиот тип настани присуствуваат истите луѓе. Но нема кој да носи луѓе за Блаже Конески, само неговото дело. Можам да кажам дека низ целата година имаше обележување на делата на Блаже Конески. Мене би ми било мило да се соберат десетина луѓе овде и да ја оддадеме должната почит кон неговото петско дело,  но и како културен деец, кој бил ангажиран во многу сфери на општествениот живот, меѓудругото вклучувајќи го и филмот, па дури и шахот како спорт.

Шахист бил Конески?

– И претседател на Здружение. Ќе видиме во филмот кој ќе биде прикажуван. И ние откриваме нови работи и допрва ќе се потсетуваме. Во една ситуација, делото на Блаже Конески беше искористено за политичко препукување. Значи сè уште е актуално.

ФОТО: Еспресо

Колку време се приготвуваше муралот?

– Уметникот го направи експресно. Мислам дека почна во саботата, а вчера веќе беше готов. За муралот е одговорен Фестивалот за урбана култура „Мурал“. Соработуваме веќе трета година со нив.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....