27.8 C
Скопје
17:07 - 6 октомври, 2026

КАЈЛИ ЏЕНЕР СТАВИ КРАЈ НА ГЛАСИНИТЕ: Го очекува своето второ дете со Тревис

кајли џенер

Во август, светските медиуми почнаа да шпекулираат дека Кајли Џенер е повторно бремена, а дека таму каде што има чад има и оган потврди и синоќешната објава на ѕвездата на својот инстаграм-профил.

Кајли ја држеше во тајност првата бременост, а светот дозна дека дури неколку дена по раѓањето на нејзината ќерка Сторми.

кајли џенер
Фото: Принтскрин/Instagram

 

Американската ријалити ѕвезда и претприемачка Кајли Џенер веста за својата втора бременост ја објави на социјалната мрежа „Инстаграм“ ставајќи крај на гласините.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

Во видеото од 90 секунди, 24-годишната Кајли вели дека очекува бебе со своето момче, раперот Тревис Скот. Двојката веќе ја има тригодишната ќерка Сторми.

Видеото започнува со прикажување на позитивен тест за бременост, а потоа се гледа како Џенер и нејзиното 30-годишно момче одат на лекар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

Следуваат исечоци од прославата на 24-тиот роденден на Кајли во август и снимки како Сторми го бакнува стомакот на нејзината мајка.

крис џенер
Фото: Принтскрин/Instagram

„Бремена си?“, во видеото ја прашува мајката на Кајли, Крис Џенер, гледајќи ги снимките од ултразвук и додава дека ова е еден од најсреќните денови во нејзиниот живот.

Во август бројни медиуми пишуваа за бременоста на Кајли, но синоќешната објава беше првата јавна потврда за информацијата.

Фото: Принтскрин/Instagram

Кајли, најмладата сестра од кланот Кардашијан, ја чуваше својата прва бременост во тајност, а веста дојде неколку дена по раѓањето на нејзината ќерка Сторми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kris Jenner (@krisjenner)

Последната епизода од реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“, што го прослави семејството, беше емитувана во јуни.

Кајли Џенер е една од највлијателните трендсетерки на денешницата и во моментов ја следат околу 265 милиони луѓе на „Инстаграм“.

Слични објави

Младата Месечина во Вага ќе им донесе среќа на четири хороскопски знаци — ќе започне период на нови можности

К.С

Наташа Беквалац повторно е слободна? Наводно ја прекинала врската со поранешниот фудбалер

Еспресо

(Фото) Стефан Лазаров го зеде малиот Лука од болница, па порача: „Победив“

К.С.

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ сподели емотивна објава посветена на ќерката: „Јас те родив и засекогаш ќе…“

Еспресо

(Фото) Машките одела од „Капитол“ – елеганција со совршен крој

Еспресо

Балерината Стефанија Гаштарска проговори за тешкото нарушување во исхраната: „Постојано се изгладнував себеси“

К.С.
Се вчитува....