10.8 C
Скопје
21:54 - 3 април, 2026

16 октомври е тажен ден, уште еден голем човек за Македонија си замина токму тогаш

16 октомври е тажен ден за Македонија. Во 2007 година го загубивме Тоше Проески, во 2025 година беше погребот на Владимир Блажев-Панчо од „ДНК“, а на 16 октомври си замина уште еден важен човек.

Станува збор за актерот Марин Бабиќ, кој овој свет го напушти токму на 16 октомври, во 2022 година.

Бабиќ почина по кратко и тешко боледување, на 74-годишна возраст. Тој целиот свој работен век од 1971 година го помина во Драмскиот театар во Скопје.

Ќе остане запаметен по бројните и значајни улоги не само во својата матична куќа, туку и во други театри и проекти и како идеен творец на шоуто „Глумците пеат“.

– Многупати се потврдило дека најгласните заминуваат тивко. Навистина сме благодарни што неговото заминување не беше физички болно за него, едноставно за само неколку денови тој се „одјави“.

Беше мирен и спокоен, слушаше добра музика, имаше одлична нега од персоналот во болницата, ние бевме покрај него. До последно разговаравме за неговите идни планови, сакаше да направи уште еден поетски концерт – рекоа неговите ќерки Маја и Ира за „Слободен печат“ во 2023 година.

Тие во 2023 година ги вратија „Глумците пеат“ на сцената, како аманет од татко им.

Фото/ Фејсбук

 

 

 

 

Слични објави

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.
Се вчитува....