-2.2 C
Скопје
08:09 - 22 декември, 2024

Ѝ ВЕЛЕЛЕ ДЕКА Е ГРДА, А СЕГА Е НАЈУБАВАТА ПЕНЗИОНЕРКА НА СВЕТОТ: Супермоделот Тајра Бенкс наполни 48 години

тајра бенкс

Супермоделот Тајра Бенкс вчера наполни 48 години. Манекенката која беше една од најуспешните модели на светот вели дека сега ужива во пензионерските денови.

Тајра како што вели сега е пензионерка, но сè уште е дел од јавниот живот. Пред две години позираше за „Sports Illustrated“, на чија страна била пред две и пол децении.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tyra Banks (@tyrabanks)

Својата кариера ја започнала на само 15 години и беше првата жена со афро-американско потекло што се појави на насловните страници на списанијата „GQ“ и „Sports Illustrated“. Беше дел од ангелите на „Victoria’s Secret“ од 1997 до 2005 година. А на почетокот на овој век таа беше прогласена за една од најплатените луѓе во светот на манекенството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tyra Banks (@tyrabanks)

Сето она што Тајра Бенкс го доживеала во светот на модата го пренесе во книгата „Modelland“ во 2011 година, која беше и една од најпродаваните, според „New York Times“. Но, и тоа не е се – таа е една од само седумте жени кои неколку пати се најдоа на годишната листа на највлијателни луѓе на планетата на магазинот „Time“. Ја гледавме и во улога на водителка и продуцентка на реалното шоу „America’s Next Top Model“.

Кога станува збор за нејзиниот изглед, честопати се пишувало дека се заслужни бројни пластични операции, а таа тврди дека го оперирала само носот. Во една прилика откри и дека со години носи перики. А сега гордо ги носи „вишокот“ килограми, а не крие дека како мала ја нарекувале „грдо пајче“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tyra Banks (@tyrabanks)

Да потсетиме, пред неколку години Тајра на својот инстаграм-профил објави фотографија од бебешка капа со која покажа дека нејзиниот сон конечно се остварил, после 20 години супермоделот стана мајка.

„Подарокот за кој толку многу се молев конечно е тука. Ги има моите прсти и големите очи, а устата и брадата на тато Ерик. Фала му на Бога за прекрасната жена, ангелот, кој ни помогна да се реализираме како родители, а ние ќе продолжиме да се молиме за сите вас кои поминувате низ слично искуство. Јорк Бенкс Азија, добре ни дојде сине“, тогаш напиша Тајра Бенкс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tyra Banks (@tyrabanks)

Американската водителка и поранешна манекенка во неколку наврати отворено зборуваше во интервјуа за нејзината борба да се реализира како мајка, но и за решителноста која ја чувствувала, заколнувајќи се дека никогаш нема да се откаже.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tyra Banks (@tyrabanks)

„Кога наполнив 40 години, не бев среќна за еден факт, што не станав мајка. Си мислев дека часовникот отчукува“, вели таа.

Тајра отсекогаш сакала да стане мајка, кога наполнила 24 години почнала да си прави планови во кои важен дел било мајчинството. Сепак, плановите не се оствариле. Била многу зафатена и го чекала таканареченото „совршено време“ за да стане родител.

Слични објави

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо
Се вчитува....