3.8 C
Скопје
09:49 - 21 декември, 2024

Жирито одлучи: Ова се највлијателните инфлуенсери во Македонија!

Доделувањето на Influencer Awards 2020 заврши вчера (23.12.2020) со прогласувањето на победниците во деветте категории на престижниот натпревар, кој по вторпат се одржува во нашата држава во организација на редакцијата на „Убавина и здравје“.

Годинава, тој беше поддржан и од колегите во регионот, кои учествуваа во изборот на најдобрите инфлуенсери на Инстаграм.

Номинирањето на кандидатите се одвиваше од страна на публиката, по што следуваше нивната распределба во категориите Beauty, Fashion, Fitness and Health, Food, Insta Man, Insta Partents, Travel, Art и Entertainment.

Илустрација

Од 15.12. до 17.12.2020 гласаше публиката, а потоа на сцената излегоа членовите на стручното жири, кои гласаа во текот на следните три дена.

На 22.12.2020 (вторник) уредничката на „Убавина и здравје“, Јована Стојменовиќ, преку видеообраќање на инстаграм-профилот @ubavinaizdravje.mk го додели специјалното признание U&Z Heroini.

„Хероина или жена-херој, жена што нè инспирира да бидеме подготвени за поголеми дела од оние на кои сме навикнале да ги правиме во зоната на комфорот. Испраќаме поддршка до сите медицински сестри преку Унијата на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри @zanas.mk. Вие сте наши хероини!“, порача Јована Стојменовиќ во името на редакцијата на „Убавина и здравје“.

Победниците беа прогласени преку видеоматеријали, а еве кој ги понесе признанијата за највлијателни инфлуенсери: @darkovlogs  беше одбран за победник во категоријата Entertainment, @lazarovv во категоријата Insta man, @iv.s.arts___ во категоријата Art, @daveskitchenofficial во категоријата Food, @sandra_kirkov во категоријата Travel, @aleksandrashijakoska во категоријата Fashion, @annstojanova во категоријата Fitness and Health, @kosichmakeup во категоријата Beauty и @aktivnosti_za_deca во категоријата Insta Parents.

Изборот го заокружи видеообраќањето на водителот Марко Новески, кој цело време ги водеше следбниците, учесниците и публиката низ вториот избор Influencer Awards 2020, во кое ги прогласи четворицата победници според гласовите на публиката: @magnolia.glamour во категоријата Beauty, @maltezerka1 во категоријата Travel, @d.di.art во категоријата Art, @cookingwithbranko во категоријата Food.

 Сите победници добиваат статуетки и подароци од „Убавина и зравје“ и од покровителите на изборот.

Вториот избор Influencer Awards 2020 година, се одржа во многу тешка година за сите нас, во услови на карантин, па веруваме дека претставува една светла точка во морето негативни вести што преовладуваат на социјалните мрежи.

Слични објави

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо
Се вчитува....