-3.2 C
Скопје
03:34 - 23 декември, 2024

„Жикина династија“: Како успеа хуморот од пред 43 години да стане дел од колективната меморија на многу народи?

Популарниот југословенски серијал „Луди години“ својата премиера ја имаше во далечната 1977 година. Во медиумскиот простор опишан како едукативен филм за опасностите од незаштитен секс во тинејџерските години.

Instagram
Instagram

Овој серијал имаше девет продолженија, секое со различно име, во колективната меморија на народите на поранешните Југословенски простори најпопуларна и најгледана остана „Жикина династија“ од 1985 година.

Instagram
Instagram

Огромната популарност на приказната за едно семејство во осумдесеттите години на минатиот век, која во фокусот ги имаше дедото Жика и Милан кои правеа сè за нивниот внук да не „скршне на погрешен пат“. Тие побараа помош и совети од д-р Недејковиќ за тоа како да го „спречат“ внукот да не си го „упропасти“ животот цртајќи ја сликата на преплашени родители до Балканот.

Instagram
Instagram

Бидејќи тие не им веруваа на достигнувањата на модерната психијатрија, самите дедовци засукаа раце и ја започнаа акцијата за „будење на машкоста“ на нивниот внук, но и да го „научат“ да ужива во сексуалната благосостојба, на која не можеа да одолеат ни тие, покрај нивната старост.

Филмскиот серијал „Луди години“ бил сфатен како сериозен проект, со цел да се посочат последиците од секс без заштита и несакана бременост кај адолесцентите. Но, актерот Драгомир Бојаниќ Гидра и Марко Тодоровиќ со своите комични надмудрувања како родители на заљубените тинејџери Марија и Боба, споредните ликови Жика и Милан, видени од денешна перспектива покрај огромната дозна на хумористичност може да се гледаат и како ликови кои воедно раскажале еден неприкосновениот сексизам.

Instagram
Бобо и Марија / Instagram

Сите девет продолженија се во режија на Зоран Чалиќ, последниот филм од серијалот беше снимен во 1992 година. Иако и во тоа време беше мета на жестоки критики од културолошки аспект, сепак многу генерации се забавуваа како никогаш досега.

Резултатите од едно истражување во Србија покажале без оглед на временската дистанца, рејтингот покажува дека и денес има еднаков копнеж кон овој проект, па затоа едноставно било невозможно да се одреди бројот на неговите телевизиски повторувања.

Нема човек на нашите простори што не слушнал или не ја гледал „Жикина династија“, иако не признаваат сите. Комичниот пристап за потребата да се докаже „машкоста“, како и приказот на проституцијата во благи форми, едноставни умови и народен јазик го доближија овој серијал до народот.

Главниот протагонист, популарниот Жика во прикажаното конзервативно семејство на белградски аристократи е обид да се внесе живот и слобода на говор. Претставувањето на два слоја на општеството, паралела на „здодевната“ интелектуална елита и работничката класа за време на Југославија ја забавуваа публиката со својата банализација на реалноста.

Instagram
Instagram

Контекстот на овој хумор е сличен на антихероите кои се потсмеваат на необразованите луѓе кои ги наметнуваа своите модели на однесување на бранот „нови примитиви“ кој беше доста популарен во српската кинематографија во осумдесеттите години. Сличен пример се среќава и во филмовите „Ко то тамо пева“.

Во „Жикина династија“ е присутен хумор што го прикажува јазот што постоел (и постои) во нашиот менталитет и конфронатцијата на урбаното и примитивното, која ја живееме и денес, токму затоа што урбаното никогаш не може да одолее на шармот на покраините, колку и да се спротивставува на тоа. Но, да не ја заборавиме добро познатата изрека – она за што се смееме доволно зборува за нас самите.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....