13:35 - 6 април, 2026

Забележана интересна промена кај Меган Маркл: Ова е новата омилена боја на војвотката која испраќа силна порака! (ВИДЕО)

Британските медиуми забележале невообичаена промена кај поранешната војвотка од Сасекс Меган Маркл. Таа исклучиво носи бела боја! Меган е инаку позната по носење модни комбинации во впечатливи бои, но очигледно поранешната војвотка решила да направи мала промена во својот гардеробер.

Стилистката Сузи Хаслер за Femail рекла дека Меган со белата боја ја изразува својата солидарност во борбата против расизмот.

„Меган е свесна за симболиката на боите. Белата е начин да се покаже нејзиниот став. Тоа покажува дека таа е обединета со целите што ги застапува“, истакнува Хаслер.

Очигледно е дека таа ја има поддршката и од својот сопруг, кој исто така во последно време практикува да носи бела боја почесто.

Принцот Хари во едно интервју истакнал дека монархијата мора да го прифати своето минато и да се обиде да ги поправи грешките, а принцот признал дека и тој самиот имал предрасуди.

„Меган веќе долго време ги искажува своите ставови со избор на облеката. Видовме дека одбира помали брендови, ја истакнува одржливата мода или и оддава почит на принцезата Дијана, а сега таа со својата облека испраќа и политичка порака”, додава Хаслер.

Слични објави

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо
Се вчитува....