04:12 - 12 март, 2026

Врањеш се разведе: Ќе плаќа 3.000 евра месечна алиментација

Босанскиот фудбалер од редовите на грчки АЕК, во понеделникот и официјално се разведе од сопругата Даниела. Долгогодишните сопружници му ставиле крај на бракот бракот на мирен начин во присуство на два адвоката.

Поради нивната ќеркичка тие решиле да останат во коректен однос, а Огнен е задолжен да плаќа месечна алиментација од 3.000 евра.

„Огнен и Даниела повеќе не се во брак. Сега се слободни и може да им се посветат на нивните животи. Процесот кој траеше неколку месеци заврши во понеделник. Сè помина како што треба бидејќи двете страни се договорија дека е најдобро да не бидат во формална заедница. Последните месеци имаа бурен период и не можеа да функционираат како брачен пар, а капката која ја прели чашата, секако, беше неговата афера со српската ѕвезда Јелена Карлеуша. Даниела не можеше тоа да го толерира и веднаш поднесе барање за развод. Сега случајот е затворен и поради детето одлучија да останат во добри односи. Се разделија на мирен начин и веруваат дека ќе фунционираат подобро отколку во заедница, вели извор близок до двојката и додава дека Врањеш е посветен татко.

Врањеш за медиумите потврди дека со разводот и официјално е ставен крај на неговиот брак.
Точно е дека со сопругата ставивме крај на бракот. Сега официјално сме разведени. За разлика од некои, мојата поранешна сопруга има достоинство. Имаме прекрасно дете и ќе направиме се да бидеме во коректни односи, изјави Врањеш.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо
Се вчитува....