7.8 C
Скопје
23:02 - 31 март, 2026

Врањеш ја нападна Карлеуша: „Дотичната глуми криминалец на батерии“

Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Огнен Врањеш гостуваше во емисија за дневниот весник, Дневен аваз.

Врањеш кој неодамна го прослави својот 30-ти роденден, се повози со водителот на емисијата и јадеше баклава во колата, а секако дека зборуваа и за Јелена Карлеуша и наводната афера со пејачката.

„Старлетите и бабарогите се обидоа да ми го уништат светот, но излегов посилен од тоа и продолжив понатаму. Ништо не е вредно за проблемите во животот. Не ни помислив, но ете… јас сум личност која е душевно повредена“, изјавил Огнен низ насмевка.

„Никому не дозволувам да дојде до моето семејство, никогаш и не сум. Искрено не очекував толку зло, другите луѓе ќе почнат да ја превртуваат приказната дека јас прв сум нанел зло… Јас никому и никогаш не нанесов зло, па ниту на таа дотичната, што глуми криминалец на батерии“, рекол тој.

„Сега е тоа популарно, да се глуми сила. Никогаш не сум и коментирал ништо на дивата, но еве сега да и порачам, нека обрне повеќе внимание на своите деца, отколку на туѓите. Нека ужива во својот живот и нека не се заморува со глупости и нека не нанесува зло, како што тврди дека другите и нанесуваат на неа, а всушност таа провоцира и го турка носот во туѓа фамилија и деца“, изјави Врањеш.

Јелена и Огнен моментално се тужат поради навреда и закани, а фудбалерот во меѓувреме се разведе од својата сопруга Даниела, која изјави дека тој за неа веќе не постои. 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....