05:14 - 9 април, 2026

ВО НЕДЕЛА ќе го гледаме 94-тото доделување на „ОСКАРИТЕ“: Кој е вашиот фаворит?

Деведесет и четвртото доделување на „Оскарите“ ќе се одржи в недела на 27 март. Академијата за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите остварувања од минатата година.

Вестернот „Моќта на кучето“ има 12 номинации, научно фантастичниот спектакл „Дина“ десет, а по седум номинации добија „Белфаст“ и „Приказна од западната страна“.


Македонската Телевизија ќе го емитува доделувањето на Оскаровската церемонија, каде ќе се појават најзначајните имиња од филмската индустрија, од номинираните до презентерите на наградите.

Најавени се Ентони Хопкинс, Хали Бери, Кевин Костнер, Џон Траволта, Џејсон Момоа, Џејми Ли Кертис, Лејди Гага, Џејк Џиленхол, Шон Мендез и многу други. Бијонсе, Били Ајлиш, Риба Мекинтаер и Себастијан Јатра ќе ги изведат номинираните оригинални филмски песни.

Ќе има сегмент посветен на 60 години од првиот Бонд филм и 50 години од снимањето на филмот „Кум“.


Реџина Хол, Ејми Шумер и Ванда Сајкс првпат ќе бидат водителки на Оскаровската церемонија.

– Годинава идејата на Оскаровското шоу е да се обединат љубителите на филмот. Затоа и поканивме три од најдинамичните, забавни жени со многу различни стилови во комедијата – изјави продуцентот на шоуто Вил Пакер.

Доделувањето на најпрестижните филмски награди во светот, кое ќе се одржи во театарот Долби во Холивуд и Хајланд, Холивуд, ќе го пренесуваат преку 200 територии во светот.


Преносот на МТВ ќе започне 30 минути по полноќ, во ноќта недела кон понеделник со Црвената патека.

Оскаровска церемонија ќе започне во 2 часот по полноќ. Скратена снимка од Оскаровското шоу во траење од 2 часа ќе се емитува во вторник во 20:45 на МТВ.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....