26.8 C
Скопје
20:11 - 10 септември, 2026

„Нè направија САЛАТА МАЧЕДОНИЈА!“: Најсмешни твитови по фудбалската победа на Македонија

Навистина треба многу да се има смисла за хумор за да се проголта вчерашниот пораз на фудбалерите на Италија од Македонија, кој ги исклучи Италијанците од Светското првенство. Но сепак, многу Италијанци на социјалните мрежи покажаа добар хумот.

Некои си поиграа со прашањето на карма: Британците ќе имаат уште многу леб за јадење, но Македонија ни остана во стомак. Има и такви кои помислија на кралски клетви: „сите се грижиме за малиот Џорџ, а тој одмаздата ни ја приложи во црна магија сервирана во чинија салата Мачедонија“ (во Италија е популарна салатата наречена Мачедонија која се состои од овошје).

Социјалните мрежи беа преполни со коментари по поразот на Аѕурите во првиот натпревар од плеј-офот за квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година.

Италија беше поразена од Македонија со 1 спрема 0 и токму Македонците ќе играат со Португалија за пласман на Светското првенство. Репрезентацијата на Италија вторпат последователно останува дома, што не се случило во историјата на италијанскиот фудбал.

Шегите на духовитите Италијанци по поразот не може да не ве насмејат: „Ние сме за бојкот, прво Русија, а сега Катар“. А има и такви кои иронично се мајтапеа со пророштвата на Џан Пјеро Вентура.

„Еве ја кармата, треба уште да јадеме салата Мачедонија“, напиша една корисничка на твитер

„Надвор од Мундијалот двапати по ред по победата на европско, кој е како нас.“

„Во 2018 година не се пласиравме на Светско

Во 2021 година го освоивме Европското првенство
Во 2022 година не се пласиравме на Светско“

верував дека попрво ќе умрам отколку да излеземе од Светско од Северна Македонија, каков скандал!

„Не можеш да го изгубиш светското првенство ако не играш!“

Странскиот печат за поразот на Италија од МАКЕДОНИЈА: „ЧИЗМА во задник!“

Слични објави

Харис Џиновиќ повторно за разводот со Мелина — „Мислеше дека има нешто подобро, најверојатно ѝ здосадив“

E.A.

(Фото) „Опстана“: Српскиот пејач Милан Станковиќ со емотивна објава на важен ден

Еспресо

Што значи големата тројка во астрологијата?

Еспресо

Бајага ја откри тајната на својот познат стих и ја „разочара“ јавноста

E.A.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Современи техники за тонзилектомија

apostolova

(Фото) Вељко ја покажа Богдана без шминка и филтер: Во сино бикини блесна на Кипар, а тој ги покажа мускулите

Еспресо
Се вчитува....