25.8 C
Скопје
17:08 - 26 април, 2026

Вистината за кралот на рокенролот го шокираше светот: Сите го сакаа Елвис Присли, но тој не се поднесувал себе!

Елвис Присли, светската музичка икона на 20 век и кралот на рокенролот, починал на денешен ден во 1977 година на 42-годишна возраст, а неговиот гроб на имотот во Грејсленд го посетуваат и до 750 илјади посетители годишно, што куќата на Елвис ја прави втората најпосетена во САД, после Белата куќа.

Малку луѓе во светот не ги знаат хитовите „Viva Las Vegas“, „Can’t help falling in love“, „It’s now or never“, „Always on my mind“…

„Роден е на 8 јануари 1935 година, а до музичките и актерските ѕвезди стигна и покрај скромните почетоци. Почина од срцев удар проследен поради повеќегодишното предозирање со лекови“, потсетува Њујорк Дејли кој животот на Елвис го прикажа преку 49 клучни фотографии.

Тој имаше единствен глас, пееше блуз, кантри и поп, подсетувајќи ги медиумите што Елвис донесе на светскиот трон во 1950 – микс „белиот кантри и црниот ритам и блуз“, кој никој пред него не се обидел да го изведе, а што засекогаш ја промени музиката.

profimedia

Потекнува од сиромашно семејство

Тој бил роден во сиромашно семејство, бил самоук, децата го задевале поради приврзаноста со мајка му, а наместо посакуваниот велосипед добил гитара и така се започнало.

Глумел во 26 филмови. Продал повеќе од 600 милиони плочи и освоил три Греми награди, а веќе во 36-та и Греми награда за животно дело.

Џон Ленон велел дека без Елвис немало да постојат Битлси, а Френк Синатра велел за себе дека е само пејач, но Елвис олицетворение на целата американска култура.

Профимедиа

Кралот на рокенролот е мртов веќе 43 години, но митот за него и понатака постои, единствената личност од современата доба за која сите знаат кога ќе се каже само Елвис, било во Пекинг, Хондурас, Мадагаскар или Гана, на различни јазици и во различни култури сите во истиот момент знаат за кого се зборува.

Медиумите сакале да кажуваат дека се на Елвис и околу него „вриштело“ со сексуална слобода од танцот со колковите, длабокиот глас до тесната облека. Младите обожавателки ги ставал во транс, а конзервативната Америка во очај.

„Беше неверојатно убав. Свесно и олдучно ги рушеше сексуалните табуа. За привлечен го сметаа и жените и мажите“, рекла Дос, авторка на книгата „Елвис култура: обожаватели, вера и имиџ“.

Постојано бил на седативи

И покрај милиони фанови тој се чувствувал осамен. Непрестанато земал седативи, антидепресиви и таблети за спиење што влијаело и на неговиот брак, семејство, однесување и настапи.

Profimedia

Последните 30 месеци го лечел „Д-р Ник“ – Џорџ Никопулос кој за тоа време му препишал 19 илјади различни видови на лекови.

На смејниот имот во Грејсланд – Мемфис, секоја година се собирале илјадници обожаватели од целиот свет. Тој бил закопан со родителите и братот близнак кој починал на раѓање.

Пред неколку години поранешната сопруга на Елвис, Присила Присли, која ја запознал за време на служењето воен рок кога таа имала 14 години, и нивната ќерка Лиса Мари Присли, се обратиле на преку 75 илјади обожаватели од гробот на пејачот.

Слични објави

(Фото) Џина Џиновиќ на својата мајка Мелина ѝ купила пижами како свадбен подарок: Од нивната цена ќе ви се сврти во главата!

Еспресо

(Фото) Бремената Едита Арадиновиќ едвај го завршила настапот: Пејачката се огласи 

Еспресо

(Фото) Пеѓа Јовановиќ ја има најфаталната сопруга на естрадата: Ја однел во Италија, а таа во стајлинг од 6.000 евра

Еспресо

(Фото) Водителката на Пинк живее во чист луксуз: По станот, Бојана Лазиќ си купи автомобил од 90.000 евра

Еспресо

Хороскоп за 26 април: Рибите ги очекува романтична средба

Еспресо

(Видео) Ела Дворник покажа како изгледа по операциите на лицето

Е.А.
Се вчитува....