14.8 C
Скопје
15:38 - 17 март, 2026

ВИЛАТА НА БРЕД ПИТ ВО ОПАСНОСТ: Силниот пожар може да му изгори 5,5 милиони долари на актерот

Куќата на Бред Пит на плажата во Калифорнија, вредна 5,5 милиони долари, е во опасност да изгори во пожар, открива „The Sun“.

Имотот на Пит, кој е многу близу до пожарот Алисал, припаѓа на зоната за предупредување за евакуација, што значи дека постои потенцијална опасност по животите на луѓето и имотите.

Огнениот пекол започна во понеделникот попладне и до средата навечер веќе изгореа над 6.000 хектари земја.

Холивудскиот актер ја купи оваа вила северно од Санта Барбара за 4 милиони долари во 2000 година, истата година кога се ожени со Џенифер Анистон. Во последно време, се знае дека неговото семејство од Мисури ја користи оваа куќа за одмор.

„Бред и Џен порано поминуваа роматичните викенди на имотот. Тој сè уште оди таму од време на време, но сега тоа најчесто да помине време со неговото семејство кога доаѓаат да го посетат Бред“, рекол извор за „The Sun“

Сепак, според изворот, тој многу го сака местото и има вистинска сентиментална приврзаност кон него. Очигледно, неговата втора сопруга Анџелина Џоли не била толку голема обожавателка, но Бред сакал да го задржи имотот.

Слични објави

(Фото) Нивес Целзиус мами воздишки, позираше во минијатурно црвено бикини

Еспресо

(Фото) Ќерката на Наташа Беквалац полни 19 години, пејачката објави: „Мојата прва, најголема љубов“

Еспресо

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin
Се вчитува....