5.8 C
Скопје
07:25 - 1 април, 2026

ВИДЕО: Зошто се расплака Дуа Липа?

Британската поп ѕвезда Дуа Липа, со потекло од Косово, доби дури шест номинации за претстојното доделување на Греми наградите. Нејзината реакција на социјалните мрежи стана вистински хит – таа се расплака кога дозна дека се наоѓа и во трка за албум на годината.

Имено, Тејлор Свифт и Дуа Липа се натпреваруваат за најважната награда – албум на годината – заедно со Пост Мелоун, Колдплеј, групата ХАИМ, Џејкоб Кулиер, Блек Пума и Џене Аико.

Липа својата реакција ја објави на Инстаграм. Нејзините соработници ја снимале додека таа разговарала со својот менаџер кој ја известил дека е номинирана во дури шест категории.

„Ова не е реално, имам шест номинации за Греми, овој живот не е реален“, напиша Липа на Инстаграм.

„Моето срце чука неверојатно силно и во огромен шок сум. Не можам да престанам да плачам. Ви благодарам на сите за љубовта и поддршката“, додаде таа.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....