12:24 - 12 март, 2026

(Видео) Теа Таировиќ повторно мета на негативни коментари: Им се развикала на членовите од бендот

Пејачката Теа Таировиќ, покрај популарните песни, на јавноста ѝ е позната и по своето арогантно и непристојно однесување.

Покрај тоа што пејачката со денови ја предизвикуваат на мрежите затоа што на своите настапи сѐ уште ја пее својата песна „Израел и Палестина“, иако денеска е веќе 22-риот ден од крвавата војна во која илјадници луѓе ги загубија своите животи, таа привлече дополнителен гнев.

Имено, за време на еден свој настап Теа ја испеа песната „Дишем за тебе“, а очигледно не ѝ се допаднало како бендот ја придружувал.

Пред полниот клуб, таа преку микрофон ги понижи момците од бендот велејќи:
– Вие ме следите мене, јас не ве следам вас, туку вие мене ме следите – дрско им се обратила таа, а потоа повторно почнала да ја пее песната.

Овој потег го осудија луѓето на социјалната мрежа ТикТок оставајќи негативни коментари:

Искомплексирана будала“,

Многу ја сакам, ама ова не е ОК“,

Јас би си станал па сама нека си свири“,

Сѐ уште не можам да разберам како и зошто е толку популарна“

Слични објави

Естрадата се простува од братот на Дарко Лазиќ: Слоба и Јелена го посетија пејачот во Брестач

Еспресо

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо
Се вчитува....